Coming Up Wed 12:00 PM  AEDT
Coming Up Live in 
Live
Macedonian radio
СБС МАКЕДОНСКИ

Македонски сликовници претставени на конгрес во Москва

Macedonian Australian author Zaklina Mihajlova participate online during 37th IBBY Congress on children's books, held in Moscow 10-14 September Source: Z.Mihajlova

Авторката од Сиднеј, Жаклина Михајлова имаше излагање за важноста на илустрациите во книгите за деца кои изучуваат јазици, преку онлајн учество на 37-от Конгрес за книги за деца и млади што оваа година се одржа во Москва од 10-14 септември.

 

Темата на конгресот што се одржа и онлајн и со физичко присуство, беше : "Прекрасниот голем свет низ книгите за деца -  Улога, вредност, влијание врз младите читатели во различни земји".

Земји-домаќини на овој влијателен меѓународен настан во минатото беа Обединетото Кралство, Нов Зеланд, Кина, Мексико, Норвешка, Шведска, Јужна Африка, по трипати Шпанија и Германија, двапати Италија и други земји членки на IBBY.

Конгресот дава одлична можност да се направат контакти, да се разменат идеи и да се прошират хоризонтите преку панел дискусии и работилници на одредени теми и да се биде дел од глобалната заедница на експерти за детска литература.

Coming up next

# TITLE RELEASED TIME MORE
Македонски сликовници претставени на конгрес во Москва 23/09/2021 14:39 ...
Извештај од Македонија 30 ноември 2021 30/11/2021 08:46 ...
Дали европскиот бран на КОВИД-19 може да се повтори во Австралија во 2022 година? 30/11/2021 07:41 ...
Вести на СБС на македонски 30 ноември 2021 30/11/2021 12:33 ...
Оливера Јовановска: "Лавиринт на вистината" е "огледало на мојата душа" 29/11/2021 18:02 ...
Извештај од Македонија 29 ноември 2021 29/11/2021 09:38 ...
Вести на СБС на македонски 29 ноември 2021 29/11/2021 12:25 ...
Извештај од Македонија 26 ноември 2021 26/11/2021 09:36 ...
Вести на СБС на македонски 26 ноември 2021 26/11/2021 13:46 ...
Комичарката Елизабет Велински сонува за одморалиште за смеа 25/11/2021 21:19 ...
View More