Coming Up Thu 12:00 PM  AEST
Coming Up Live in 
Live
Macedonian radio
СБС МАКЕДОНСКИ

Почина поранешниот репрезентативен голман на Македонија, Гоце Груевски

Goce Gruevski, former Preston Lions FC player who has died at age 46 Source: Facebook Preston Lions FC

Гоце Груевски се пресели во Австралија во 2006 година, кога ги засили редовите на Престон Лајнс, каде беше голман а по крајот на кариерата и тренер на голманите. Груевски бранеше за повеќе македонски клубовии, Победа, Слога Југомагнат, Работнички, Беласица и Вардар. За Македонија има шест настапи, три во квалификации и три на пријателски средби.

Македонската заедница во Австралија но и во Македонија со голема тага и болка ја прими веста за прераната смрт на поранешниот голман Гоце Груевски кој почина на 46-ет годишна возраст.
Гоце кого сите го знаат и по прекарот "Чолак" по потекло е од Прилеп каде и првите фудбалски чекори ги има направено во ФК. Победа.
Груевски беше дете на ФК Победа и нејзин капитен во сезоните кога прилепскиот клуб почна да ги бележи своите најголеми клупски успеси кои му овозможија и излез на меѓународна сцена.
Гоце го чуваше голот на Победа покрај во домашните натпреварувања од 1997 до 2000 година и во настапите во Купот на УЕФА против Одра и Интертото купот против Озета Дукла Тренчин и на антологискиот двомеч со италијанската Перуџа.
Дека стануваше збор за еден од најдобрите голмани во тој период во Македонија е фактот дека Гоце Груевски го чуваше голот на најдобрите клубови во тој период: Победа, Вардар, Работнички, Слога Југомагнат, Македонија ЃП и Беласица.
Со своите одбрани меѓу стативите го заслужи и дресот на македонската фудбалска репрезентација кој го носеше 8 пати (3 меча во квалификациите за СП во Јапонија и Ј.Кореја 2002 и на 5 пријателски натпревари во 2000 и 2001 година).
Од 2006 година заминува за Австралија каде ги брани боите на ФК. Престон Македонија, а последниве години тренер на голманите во најпопуларниот клуб на Македонците во Мелбурн.
Гоце Груевски не само што ќе остане запаметен како еден од најдобрите голмани во историјата на македонскиот фудбал туку ќе остане запаметен и по неговата страст кон фудбалот.
Гоце остави и посебен белег во ФК. Престон Македонијакакоо играч но и како тренер пребесувајќи го своето драгоцено искуство и знаење на помладите голмани.
Почивај во мир Гоце.

Coming up next

# TITLE RELEASED TIME MORE
Почина поранешниот репрезентативен голман на Македонија, Гоце Груевски 16/04/2021 01:55 ...
Онлајн библиотека со илјадници македонски композиции 12/05/2021 20:41 ...
Нашата приватност на интернет 12/05/2021 15:47 ...
Џош Фрајденберг го достави Федералниот Буџет од 2021-22 година 12/05/2021 10:17 ...
SBS Вести на македонски 12 мај 2021 12/05/2021 10:58 ...
Вести на СБС на македонски 11 мај 2021 11/05/2021 12:05 ...
Предупредување за врската на имплант на градите со редок вид на рак 11/05/2021 05:14 ...
2,6 милиони Австралијци ја добија првата доза на вакцина против Ковид-19 11/05/2021 06:28 ...
Вести на СБС на македонски 10 мај 2021 10/05/2021 11:38 ...
Жените бараат да бидат вклучени во федералниот буџет 10/05/2021 09:30 ...
View More