Coming Up Mon 12:00 PM  AEDT
Coming Up Live in 
Live
Macedonian radio
СБС МАКЕДОНСКИ

Моето дете со попреченост го доживеав како мој благослов, а не товар

Maya Stoychevski with her daughter Joana Source: Maya Stoychevski

Кога Маја Стојчевски, тренер за личен развој на родители со посебни деца, како што таа сака да ги нарекува, пред 6 години дознала дека нејзината ќерка Јоана е со тешка физичка и ментална попреченост, што значело дека таа најверојатно нема никогаш да прооди и проговори, секакви чувства и мисли ѝ се свртиле во главата.Но, 3 години по првиот шок, Маја успела да пронајде благослов во својата ситуација и сега е во мисија истото да го направи со секој родител на посебно дете.

Маја веќе пет години живее и работи во Германија. Ја напуштила Македонија во потрага по подобар медицински третман за својата ќерка Јоана, која почина во ноември минатата година на 6 годишна возраст. 

По првиот налет на изгубеност, очајност, безнадежност и лутина, на Маја ѝ биле потребни 3 години да почне да се прифаќа  себеси,  да ја прифати состојбата во која се нашла и најважно од се, да ја прифати својата ќерка онаква каква што е, со што започнала еден нов живот, живот во кој Јоана станала нејзин благослов, а не товар.

Во текот на годините и низ своите лични борби, Маја утврдила дека постојат многу родители на посебни деца во светот кои се уште се чувствуваат заробено, тажно и налутено во своите животи и токму поради нив, започнала да работи како тренер за личен развој на, како што ги нарекува посебни родители.

Coming up next

# TITLE RELEASED TIME MORE
Моето дете со попреченост го доживеав како мој благослов, а не товар 21/01/2021 33:53 ...
SBS Вести на македонски 26 февруари 2021 26/02/2021 12:08 ...
Македонската музика е толку длабоко вкоренета во нашите гени, што можеме да ја почувствуваме болката на нашите претци 25/02/2021 23:33 ...
SBS Вести на македонски 25 февруари 2021 25/02/2021 11:42 ...
Истрага ја испитува присилната контрола во односите 25/02/2021 04:48 ...
Виртуелен самит за влијанијата на климатските промени врз меѓународниот мир и безбедност 25/02/2021 04:33 ...
Сојузната влада одобри трајно зголемување на основниот износ на JobSeeker додатокот 25/02/2021 06:20 ...
Фејсбук ја менува забраната за вести 25/02/2021 06:40 ...
Универзитетските курсеви за уметности покажуваат благ слајд во броевите на апликациите 23/02/2021 04:44 ...
Четврта жена тврди дека вработен во либералната партија ја вознемирувал 23/02/2021 07:02 ...
View More