Coming Up Thu 12:00 PM  AEDT
Coming Up Live in 
Live
Macedonian radio

Победи на Алтона Меџик и Рокдејл Илинден, Сејдини прв човек на ФФМ

КУД " Александар Македонски " го одбележа Мултикултурното коло во Премиер лигата. Source: SBS

Делегатите на изборното собрание го избраа Муамед Сејдини за нов претседател на ФФМ.Во Премиер лигата на Викторија редовното пето коло беше и Мултикултурно коло во кое Алтона Меџик ја забележа првата победа на домашен терен.Рокдејл Илинден во Премиер лигата на НЈВ го победи на гости Маркони Сталионс.Аидио и Видео од настапите на екипите од макеоднската заедница во Австралија.

На Редовното Генерално Собрание на Фудбалската федерација на Македонија, Муамед Сејдини е избран за нов претседател на ФФМ.
"Бидете сигурни дека со сета сила и капацитет ќе се стремиме да ги оствариме целите од Стратегискиот план на Федерацијата, а тоа значи целосна поддршка од ФФМ за Националните селекции, Општинските фудбалски Сојузи, домашното натпреварување, инфраструктурно подобрување и развој на младинскиот фудбал"- изјави Муамед Сејдини.

Muamed Sejdini i Davor Suker
Муамед Сејдини со претставникот на УЕФА Давор Шукер.
Foto FFM

Во Мултикултурното коло во НПЛ Викторија, Алтона Меџик ја забележа првата победа на домашен терен откако го победи Оукли Канонс со 2:1.
Видео од најинтересните моменти од натпреварот.

Пред натпреварот одбележувајќи го мултикултурното коло настапи КУД "Александар Македонски " а тука беа и традиционалните македонски инструменти гајда и тапан.

Altona Magic SC
Altona Magic SC

Видео од настапот на КУД "Александар Македонски" пред натпреварот.

Одбележувајќи го мултикултурното коло во Премеир лигата, фудбалерите на Алтона Меџик со македонско потекло со изјави што за нив значи да играат за клубот.

Во 5 коло во НПЛ 2 запад Норт Џилонг Вориорс ја совлада Џилонг Македонија со 4:2.
Во Премиер лигата на Нов Јужен Велс Рокдејл Илинден забележа значајна победа на гостувањето кај Маркони Сталионс со 2:1.
Видео со преглед на најинтересните моменти од овој натпревар.

Престон лајонс односно Престон Македонија пред почетокот на сезоната на пригодна свеченост ги представи фудбалерите со кои ќе настапува во првата државна лига на Викторија во новата сезона.

И Вулонгонг јунајтед го представи играчкиот кадар пред почетокот на новата сезона во Премиер лигата на Илавара.

Wollongong Utd FC
Wollongong Utd FC

Coming up next

# TITLE RELEASED TIME MORE
Победи на Алтона Меџик и Рокдејл Илинден, Сејдини прв човек на ФФМ 19/03/2019 06:54 ...
Вести на СБС на македонски 19 јануари 2021 19/01/2021 11:41 ...
Вести на СБС на македонски18 јануари 2021 18/01/2021 12:40 ...
Австралиец приведен поради нелегален онлајн пазар 18/01/2021 04:43 ...
Поранешниот фудбалски тренер за Австралија Френк Арок почина во Србија 18/01/2021 05:51 ...
Вести на СБС на македонски 15 јануари 2021 15/01/2021 10:40 ...
Вести на СБС на македонски 14 јануари 2021 14/01/2021 10:20 ...
Јованка Смилевска: Македонскиот јазик е мојот завет 13/01/2021 30:05 ...
SBS Вести на македонски 13 јануари 2021 13/01/2021 11:53 ...
Лекарите сакаат промени во законот за донирање на неплодни парови 13/01/2021 06:11 ...
View More