Human Rights Watch повика на зголемување на бројот на вработен персонал како и обука за вработените во австралиските старечки домови, по истрагата за широката употреба на хемиски средства кај пациентите со деменција.
Human Rights Watch бара целосна забрана на оваа практика. Илејн Пирсон, Aвстралиски директор во Human Rights Watch, вели дека академските истражувања, финансирани од Владата, покажуваат вознемирувачка шема.
Во некои од тие студии, една третина од луѓето во домовите за стари лица се на седативи, 32% се на анти-психотични лекови, и ги земаат овие лекови секој ден.
Додека овој проблем е документиран во 35 установи, ова е само дел од проблемот.
Владата воведе регулативи за ограничување на праксата претходно оваа година. Но, Human Rights Watch сака оваа практика да биде целосно забранета.
Бетани Браун, еден од истражувачите на извештајот вели откриле дека на постарите луѓе им се давале лекови за да го контролираат нивното однесување заради погодноста на персоналот, а не за каква било медицинска цел.