Coming Up Thu 12:00 PM  AEDT
Coming Up Live in 
Live
Macedonian radio

Престон Македонија шампион во првата државна лига на Викторија

Preston Lions FC State League Champions 2019 Source: SBS

Успешната сезона во 2019 година фудбалерите на Престон Македонија ја заокружија со победата во финалето против ФК Нонавадинг со што станаа шампиони во првата државна лига на Викторија. Лавовите во новата сезона ќе играат во третата Премиер лига на Викторија. Лалор Слога јунајтед без седумнина стандардни првотимци загуби во финалето за севкупен победник во третата лига. Сиднеј Македонија не успеа да се пласира во финалето во третата премиер лига на Нов Јужен Велс.

После десетина години конечно успешна сезона и за фудбалерите на Престон Македонија. Освоеното прво место во првата државна лига на Викторија им донесе промоција во новоформираната трета премиер лига.
Успехот го надополнија и со победата во финалниот напревар за севкупен победник во првата државна лига откако го совладаа Нонавадинг со 2:0.

Preston Lions FC
Preston Lions FC
SBS

По натпреварот шампионскиот пехар го подигна Аце Петровски.
" Задоволни сме од победата но и воопшто од целокупната сезона која беше успешна за нас. Конечно обезбедивме промоција во една лига погоре. Голема благодарност и до навивачите за огромната подршка во текот на сезоната".

Ace Petrovski
Капитенот Аце Петровски го прима победничкиот пехар.
SBS

Тренерот Љупче Ацевски исто така не го криеше задоволството по постигнатиот успех сезонава. Упати искрена благодарност до фудбалерите, управата на клубот и верните навивачи.
"Сега паузата ќе ја искористиме за разговри со постојните но и со нови квалитетни фудбалски имиња за да направиме силен и квалитетен тим за наредната сезона" вели Ацевски .

Lupce Acevski
Лупче Ацевски тренер на Престон Македонија во средина со своите помошници Капони и Груевски
SBS

Фудбалерите на Престон како и на секој натпревар така и на последниот финален натпревар ја имаа подршката од навивачите.

Supporters Preston Lions FC
SBS

Фудбалерите на Лалор Слога јунајтед загубија во финалниот натпревар за севкупен победник во третата државна лига на Викторија од ФК. Колингвуд со 3:2. Но и покрај тоа Слога догодина ќе игра во втората државна лига што секако е голем успех за клубот.

Lalor Sloga United
Лалор Слога Јунатед шапиони во третата лига за 2019
SBS

Тренерот на Лалор Слога, Тони Стерјовски по натпреварот причината за поразот од Колингвуд ја виде и во тоа што во составот му недостасуваа дури седумина стандардни играчи.
"Бевме хендикипирани што моравме да настапиме без половина играчи од првиот состав но и покрај тоа оставивме добар впечаток на теренот. Имавмне успешна сезона и целиот успех оди на плеќите на фудбалерите".

Toni Sterjovski
Тони Стерјовски десно со најдобриот стрелец во сезоната Климе Димитревски.
SBS

Екипата на Сиднеј Македонија не успеа да се пласира во финалето во третата премиер лига на Нов Јужен Велс. Во полуфиналниот натпревар загубија од ФК Рајдерс .
Капитенот на Сиднеј Македонија Никола Тодоровски е најдобар стрелец во лигата.

Nikola Todorovski
Никола Тодоровски, Сиднеј Македонија прв стрелец третата премеиер лига на НЈВ.
Images supplied

 

Coming up next

# TITLE RELEASED TIME MORE
Престон Македонија шампион во првата државна лига на Викторија 17/09/2019 04:40 ...
Вести на СБС на македонски 19 јануари 2021 19/01/2021 11:41 ...
Вести на СБС на македонски18 јануари 2021 18/01/2021 12:40 ...
Австралиец приведен поради нелегален онлајн пазар 18/01/2021 04:43 ...
Поранешниот фудбалски тренер за Австралија Френк Арок почина во Србија 18/01/2021 05:51 ...
Вести на СБС на македонски 15 јануари 2021 15/01/2021 10:40 ...
Вести на СБС на македонски 14 јануари 2021 14/01/2021 10:20 ...
Јованка Смилевска: Македонскиот јазик е мојот завет 13/01/2021 30:05 ...
SBS Вести на македонски 13 јануари 2021 13/01/2021 11:53 ...
Лекарите сакаат промени во законот за донирање на неплодни парови 13/01/2021 06:11 ...
View More