Coming Up Mon 12:00 PM  AEDT
Coming Up Live in 
Live
Macedonian radio
СБС МАКЕДОНСКИ

Чаповска: "Идентитетот е постојано враќање на едно исто место"

Violeta Capovska and Marjan Stojkovski Source: Marjan Stojkovski

Трагата од абориџинска сол, со која Чаповска создава мала, скоро невидлива трага околу малото езеро на Пелистер, е набаре бел конец, со кој таа ги "сошива" еден за друг македонскиот и австралискиот дел од својата личност на уметник, на имигрант, на жена- номад, на Македонка во Австралија.

Австралиско-македонската уметница Виолета Чаповска, е еден од четворицата автори на изложбата "Траги и сеќавања", поставена од 13 ноември  до 12 декември, 2021, во галерија "Кунихан", во Бранзвик Мелбурн.  

Чаповска e интердисциплинарен уметник, родена во 1967 година во Скопје, Македонија, каде дипломирала на Факултетот за ликовни уметности. Магистрирала на RMIT во Мелбурн, каде живее и работи повеќе од три децении. Од нејзината прва изложба во Националната галерија на Македонија во 1991 година, делата на Чаповска се прикажани во низа приватни и јавни галерии и музеи вклучувајќи ја галеријата "Дајан Тензер" во Мелбурн, уметничката галерија во Баларат, Националната галерија на Австралија во Канбера, МАМОК во Виена, Музеј на современа уметност во Скопје и на Музејот на град Скопје.

 

Traces and Memories
Marjan Stojkovski

Traces and Memories

Coming up next

# TITLE RELEASED TIME MORE
Чаповска: "Идентитетот е постојано враќање на едно исто место" 09/12/2021 16:43 ...
Македонската заедница се прости од Мирчо Ангеловски 21/01/2022 04:12 ...
Извештај од Македонија 21 јануари 2022 21/01/2022 09:06 ...
Вести на СБС на македонски 21 јануари 2022 21/01/2022 12:28 ...
Вести на СБС на македонски 20 јануари 2022 20/01/2022 12:57 ...
Извештај од Македонија 20 јануари 2022 20/01/2022 11:51 ...
Значењето на Водици 19/01/2022 05:47 ...
Извештај од Македонија 19 јануари 2022 19/01/2022 11:02 ...
Вести на СБС на македонски 19 јануари 2022 19/01/2022 11:13 ...
Ќе има ли традиционално фрлање на крстот за Водици 18/01/2022 08:10 ...
View More