Да се живее добро, безбедно и без присуство на насилство е човеково право. Но, што да направите ако довербата е скршена и се чувствувате повредени и сами? Нашата соговорничка Верица Сајдовска, менаџерка во Македонската добротворна организација на НЈВ објаснува што се подразбира под насилство врз постарите и различните начини на идентификување кога тоа насилството врз постарите е присутно.
Ако сакате повеќе поединости јавете се на My aged care на 1800 200 422 или посетете ја страницата myagedcare.gov.au
Овој разговор можете повторно да го слушнете на нашата интернет страница www.sbs.com.au/macedonian а наскоро и на www.speakmylanguageradio.com