Coming Up Wed 12:00 PM  AEDT
Coming Up Live in 
Live
Macedonian radio

Австралија ја објави апликацијата за следење на контакт со коронавирус COVIDSafe

A close up of the government's coronavirus tracing app. Source: SBS

Австралија го објави COVIDSafe, апликација на владата за следење за да им помогне на луѓето кои се изложени на вирусот КОВИД-19. Тоа е апликација за мобилен телефон и еве што треба да знаете.

 

За што е креирана апликацијата?
Апликацијата се очекува да го подобри откривањето и следењето на случаи со коронавирус и луѓето со кои биле во контакт. Тоа ќе овозможи идентификување на лица кои можеби имале контакт со позитивен случај, преку податоците зачувани во телефонот, откако ќе бидат ставени на располагање на здравствените власти.

Контактот ќе биде снимен доколку лицето се најде на растојание од 1,5 м од друго лице со отворена апликација и контактот трае најмалку 15 минути.

Прифаќањето на апликацијата COVIDSafe е доброволно. Владата им препорачува на сите жители на Австралија да ја преземат бидејќи колку повеќе Австралијци се поврзуваат со апликацијата COVIDSafe, толку побрзо ќе можат да го следат вирусот.

Како надлежните ќе ги користат податоците за COVIDSafe?
Апликацијата COVIDSafe е креирана за да се забрза тековниот процес за пронаоѓање на луѓе кои биле во близок контакт со некој со КОВИД-19. Овој процес треба да ги намали шансите за пренесување на вирусот во семејството, пријателите и другите луѓе во заедницата, без да бидат свесни за тоа.

Здравствените службеници во државите и териториите можат да имаат пристапат до информациите од апликацијата само доколку некој е позитивен и се согласува информациите во неговиот телефон да бидат преземени. Здравствените службеници информациите од апликацијата можат да ги користат само за да им помогнат во предупредувањето на оние кои можеби треба да се во карантин или да се тестираат.

Апликацијата COVIDSafe е единствената апликација за следење на контакт одобрена од Австралиската влада. За повеќе информации, посетете ја веб-страницата на  COVIDSafe app Health Department website.

Кои лични информации ги споделувате преку апликацијата COVIDSafe?
Кога корисниците ја преземаат апликацијата, тие го обезбедуваат своето име, мобилен број и поштенски код и одбираат возрасен опсег. Потоа, ќе добијат СМС порака за потврда за да го завршат инсталирањето. Потоа системот создава уникатен шифриран референтен код.

COVIDSafe препознава други уреди со инсталирана апликација COVIDSafe и вклучен Bluetooth. Кога апликацијата препознава друг корисник, ги забележува датумот, времето, растојанието и времетраењето на контактот и референтниот код на другиот корисник. Апликацијата COVIDSafe не треба да ја регистрира локацијата на корисниците.

Австралиската влада соопшти дека информациите се шифрирани и дека шифрираниот идентификатор се чува безбедно на телефонот на корисникот. Информациите за контакт, зачувани во мобилните телефони на луѓето, се бришат на 21-дневен циклус. Овој период го зема предвид периодот на инкубација на COVID-19 и времето потребно за тестирање.

Што се случува кога корисникот на апликацијата ќе биде позитивен?
Кога на некој му е дијагностициран COVID-19, шифрираните информации за контакт од апликацијата ќе бидат поставени на безбеден систем за чување информации, доколку корисникот дозволи. Здравствените службеници на државите и териториите тогаш:

ќе ги користат контактите забележани од апликацијата за поддршка на нивното вообичаено следење за контакт
да ги повикат луѓето и да ги информираат нив или нивниот родител / старател да знаат дека можеби биле изложени на вирусот
да понудат совет за следните чекори, вклучувајќи:
на што да внимаваат,
кога, како и каде да се тестираат,
што да направат за да ги заштитат пријателите и семејството од изложеност.
Здравствените службеници нема да го именуваат лицето кое било заразено.
Ако сте загрижени за приватноста на вашите податоци, прочитајте на Privacy Policy.

 

Луѓето во Австралија мора да останат најмалку 1,5 метри од другите и собирите се ограничени на две лица, освен ако не сте со вашето семејство. Ако верувате дека сте се заразиле со вирусот, јавете се на вашиот лекар (не го посетувајте) или јавете се на Националната телефонска линија за здравствени информации за коронавирус на 1800 020 080. Ако имате потешкотии во дишењето или имате потреба од итна медицинска итна помош, јавете се на 000. СБС е посветена на информирање на различните заедници во Австралија за најновите случувања со КОВИД-19. Вести и информации се достапни на 63 јазици на sbs.com.au/coronavirus.

Source SBS News, Australian Government Department of Health