Coming Up Fri 12:00 PM  AEST
Coming Up Live in 
Live
Macedonian radio

Најнови информации за Ковид-19: Децата од 5 - 11 години сега се подобни за вакцинација

Source: AAP Image/Bianca De Marchi

Децата на возраст од пет до 11 години сега ги исполнуваат условите да примат вакцина против Ковид-19 како што се приближува почетокот на учебната година.

Генерал-полковник Џон Фревен вели дека повеќето од над 10.000 локации се приклучуваат на процесот на вакцинација за деца, охрабрувајќи ги родителите да продолжат да се обидуваат да најдат термин бидејќи има  загриженост дека во лекарските ординации сите термини веќе се закажани.

Скот Морисон објави нов сет на национални упатства што ќе им овозможат на блиските контакти во некои витални индустрии да излезат од изолација доколку се целосно вакцинирани и немаат никакви симптоми на КОВИД-19.

Во Квинсленд учениците наместо на 24 јануари ќе се вратат на училиште на 7 февруари, две недели подоцна од планираното.

Синдикатот на транспортните работници (TWU) вели дека одлуката на NSW Health да ги промени барањата за самоизолација значи дека работодавците ќе можат да им дадат приоритет на оперативните работи пред безбедноста на работниците.

Во Нов Јужен Велс има 2.030 лица во болница со вирусот, што е повеќе од 1.927 пријавени во неделата, а 159 лица се на оддел за интензивна нега, за разлика од 151 регистрирани вчера.

Во Викторија, бројот на лица хоспитализирани со КОВИД-19 се зголеми од 752 на 818 во текот на ноќта.

Во Квинсленд, сега има 419 лица кои се лекуваат во болница, 21 на интензивна нега, а седум од нив се на вентилатор.

Во Викторија, третата доза на вакцина против Ковид-19 ќе биде задолжителна за вработените во одредени индустрии, објави денеска државниот министер за здравство Мартин Фоли.

Премиерот на Нов Јужен Велс, Доминик Перотет, најави набавка на дополнителни 50 милиони комплети на брзиот антигенски тест - што вкупниот број во државата го носи на 100 милиони.

Владата на Нов Јужен Велс соопшти дека, подоцна оваа недела, ќе дозволи да се регистрираат резултатите од брзиот антигенски тест (RAT) преку апликацијата Service NSW.

Голем број држави имаат поставено формулари за регистрација на брзиот антигенски тест (RAT).

Ковид-19 статистика:

Нов Јужен Велс откри 20.293 случаи преку PCR тестови и рекордни 18 смртни случаи.

Нов Јужен Велс допрва треба да започне со објавување податоци од брзите антигенски тестови.

Викторија регистрира 34.808 нови случаи и уште двa смртни случаи.

Квинсленд евидентира најмалку 9.581 нови случаи на СОВИД-19, а властите сега ги пребројуваат PCR тестовите и позитивните резултати од брзиот антигенски тест (RAT) поднесени од жителите.

Aвстралиската главна територија забележа 938 нови случаи, додека Тасманија пријави 1.218 нови случаи.

За мерките кои моментално се применуваат како одговор на пандемијата COVID-19 на вашиот јазик, притиснете овде here.

 

Изолација и ограничувања во секоја од државите

Find out what you can and can't do in your state or territory

Финансиска помош

Има измени во COVID-19 исплатите за катастрофи откако државите ќе достигнат 70 и 80 отсто целосно вакцинирани:Getting help during Covid-19 from Services Australia in language

Вести и информации на повеќе од 60 јазици на овој линк sbs.com.au/coronavirus

Релевантен водич за вашата држава или територија  NSW, VictoriaQueenslandWestern AustraliaSouth AustraliaNorthern TerritoryACTTasmania.  

Информации во врска цо Ковид-19 COVID-19 vaccine in your language.

Посетете ги страниците со преведени материјали објавени од NSW Multicultural Health Communication Service

COVID-19 Vaccination Glossary

Appointment Reminder Tool

Клиники за тестирање во секоја држава и територија 

NSW 
Victoria 
Queensland 
South Australia 
ACT 
Western Australia 
Tasmania
Northern Territory

 

 

 

This story is also available in other languages.