Coming Up Tue 12:00 PM  AEST
Coming Up Live in 
Live
Macedonian radio

KОВИД-19: вакцина и информации што мора да ги знаете на македонски јазик

Оваа листа со факти содржи информации за КОВИД-19 на македонски јазик

 

За најновите информации на македонски јазик поврзани со Ковид-19  посетете ја страницата: 

https://www.sbs.com.au/language/macedonian/coronavirus-updates

 

Вакцина за КОВИД-19 во Австралија:

Австралиската влада се обврза да им обезбеди на сите Австралијци пристап до безбедни и ефективни вакцини за КОВИД-19, веднаш штом ќе бидат достапни.

За да дознаете дали можете да се вакцинирате против КОВИД-19 и каде се закажете за вакцинација, посетете ја https://covid-vaccine.healthdirect.gov.au/

Ако сте на возраст од  40 години или постари, имате право на вакцинација. Некои луѓе на возраст меѓу 16 и 39 години исто така може да имаат право на вакцинација. Следете ги чекорите на оваа веб-страница за да ја проверите вашето право на вакцина: https://covid-vaccine.healthdirect.gov.au/

Може да закажете состанок со вашиот матичен лекар и информации за вакцината на македонски јазик:

https://www.health.gov.au/initiatives-and-programs/covid-19-vaccines/covid-19-vaccine-information-in-your-language

Кои се препорачаните вакцини?

The Australian Technical Advisory Group on Immunisation [ATAGI](Австралиската техничка советодавна група за имунизација [ATAGI] ја препорачува вакцината COVID-19 Comirnaty (Pfizer) како најпосакувана вакцина за оние помеѓу 16 и 59 години.

Вакцината COVID-19 AstraZeneca исто така може да биде дадена на лица на возраст меѓу 18 и 59 години.

Лицата под 16-годишна возраст сè уште немаат право да вакцинираат во Австралија.

Поддршка за ментално здравје поврзана со Ковид-19

Во 2020 година, Владата додаде кон Medicare 10 субвенционирани сесии за психолошка терапија, за секоја календарска година, за сите подобни пациенти, според планот за грижа за менталното здравје mental health care plan, чија цел е подобар пристап до психијатри, психолози и општи лекари преку иницијативата MBS (Better Access) MBS (Better Access).

Австралиската влада обезбеди поддршка за ментално здравје поврзана со КОВИД-19 преку порталот за ментално здравје Head to Health за да обезбеди информации и насоки за тоа како да се одржи доброто ментално здравје за време на пандемијата на коронавирусот и во самоизолација.

https://www.headtohealth.gov.au/covid-19-support/find-support-that-works-for-you/covid-19-support-for-people-from-cald)

Доколку ви е потребна поддршка за ментално здравје на македонски јазик, јавете се на TIS National на 131 450 или посетете ја  tisnational.gov.au за да добиете преведувач. Националната агенција за преведувачи TIS National опфаќа повеќе од 100 јазици, и е достапна 24 часа на ден, 7 дена во неделата, по цена за локален телефонски повик.

Embrace Mental Health е проект кој го спроведува Mental Health Australia, и е фокусиран на ментално здравје за луѓе од различно културно и јазично потекло (CALD), обезбедувајќи пристап до ресурси, услуги и информации во културно достапен формат.

Посетете ги услугите за ментално здравје во Австралија на македонски јазик за повеќе информации во врска со услугите за ментално здравје.

Финансиски потешкотии

Ако имате финансиски потешкотии, одете наto Covid19 Money Smart или јавете се на Националната линија за помош за долгови (National Debt Helpline) на 1800 007 007.

Исплати за отсуство за време на пандемија (Pandemic Leave Disaster Payment)

  • Сојузната влада воведе има „исплати за катастрофи“ (disaster payment) за платено отсуство за време на пандемијата.
  • Плаќањето се однесува на работници кои треба да се самоизолираат, или кои се грижат за некого што боледува од Ковид-19.

Повеќе информации на:

https://www.servicesaustralia.gov.au/individuals/services/centrelink/pandemic-leave-disaster-payment

Кликнете на линковите подолу за да ги најдете информациите за Pandemic Leave Disaster во секоја држава и територија:

 

Како се пренесува КОВИД-19 и како да го спречите?

КОВИД-19 се пренесува од лице на лице преку:

  • Близок контакт со некое лице додека е заразен дури и пред да се појават неговите симптоми.
  • Близок контакт со лице со потврдена инфекција кое кашла или кива.
  • Допирање на предмети или површини (како што се рачки на вратите или маси) загадени преку кашлица или кивање од лице со потврдена инфекција, а потоа допирање на устата или лицето.

Можете да го спречите вирусот со практикување добра хигиена на рацете и при кивање/кашлање и одржување на оддалеченост од другите кога сте болни е најдобрата одбрана од повеќето вируси. Вие би требало да го практикувате следново:

  • Одржуваjте  социјално растојание од најмалку 1,5 метар и почитувајте го правилото 1 лице на 4 квадратни метри.
  • Често да ги миете рацете со сапун и вода, пред и после јадење и после одење во тоалет.
  • Покривајте ја устата кога кашлате и кивате, фрлајте ги шамивчињата со кои се бришете и користете течност врз основа на алкохол за дезинфекција на рацете
  • Ако не се чувствувате добро, избегнувајте контакт со другите (држете се на растојание од најмалку 1,5 метар од луѓето).

Австралиската влада им предлага на сите жители да ја преземат апликацијата COVIDSafe. Прочитај повеќе

Што да направам ако добијам симптоми?

Симптомите на коронавирусот може да се движат од лесна болест до пневмонија и се слични на други видови настинка и грип, вклучувајќи:

  • Треска
  • Симтоми на дишните органи
  • Кашлање
  • Воспаление на грлото
  • Недостаток на здив
  • Другите симптоми може да вклучуваат течење на носот, главоболка, болки во мускулите или зглобовите, гадење, дијареја, повраќање, губење на чувството за мирис, изменето чувство за вкус, губење на апетит и замор.

Властите развија тест за проверка на симптоми за КОВИД-19 што можете да го користите дома: https://www.healthdirect.gov.au/symptom-checker/tool/basic-details

Не постои специфичен лек за коронавируси, но повеќето од симптомите може да се третираат со помош на медицинска поддршка. Антибиотиците не се ефикасни против вируси.

Ако се појават симптоми треба да се тестирате!

Пред да пристигнете, јавете се во здравствената клиника или во болницата и кажете им ја вашата историја на патување или дека сте биле во контакт со потврден случај на КОВИД-19. Мора да останете изолирани во вашиот дом, во хотелот или во просториите на здравствената заштита додека јавните здравствени власти не потврдат дека е безбедно да им се вратите на вообичаените активности.

Ако сакате да разговарате со некого за вашите симптоми, јавете се на Националната телефонска линија за помош за коронавирус за совет. Телефонската линија работи 24 часа на ден, седум дена во неделата. 1800 020 080 

Ако имате тешкотии да дишите или имате итна медицинска состојба, јавете се на 000.

Каде можете да се тестирате?

Кликнете на линковите подолу за да најдете клиники за тестирање во секоја држава и територија:

Која е Вашата обврска ако Ви дијагностицираат КОВИД-19?

Ако Ви е дијагностициран КОВИД-19, мора да се самоизолирате:

• Не одете на јавни места како што се работа, училиште, трговски центри, центри за грижа за деца или универзитет

• Замолете некој да набави храна и други потреби за Вас и да ги остави пред влезната врата

• Не дозволувајте посетители да влегуваат внатре - само луѓето кои обично живеат со вас треба да бидат во Вашиот дом

 

Дали треба да носам маска за лице?

Некои австралиски држави и територии препорачуваат или бараат користење на маски.

Ако околностите се менуваат во вашата држава или територија, тогаш советот за носење маски за лице може да се промени. Важно е да бидете во тек со советите во вашата локална област. 

 Останете во тек со најктуелните совети во врска со носењето маска во вашата држава или територија:   

Кога носите маска, важно е правилно да ја носите:

• измијте ги или исчистете ги рацете пред да ја ставите маската

• проверете дали маската ги покрива носот и устата и се вклопува цврсто под брадата, преку  носот и од страните на лицето

• не допирајте го предниот дел од вашата маска додека ја носите или отстранувате

• не дозволувајте маската да ви виси околу вратот или под носот

• не користете повторно маски за еднократна употреба; измијте ги и исушете ги маските за повеќекратна употреба по употреба и чувајте ги на чисто суво место.

 

Како се лекува вирусот? 

Не постои специфичен лек за коронавируси, но повеќето од симптомите може да се третираат со помош на медицинска поддршка. Антибиотиците не се ефикасни против вируси.

Кој е најмногу изложен на сериозна болест?

Некои луѓе кои се заразени може да не се разболат воопшто, некои ќе добијат лесни симптоми од кои ќе се опорават лесно, а други може да станат многу болни, многу брзо.Од претходното искуство со други коронавируси, со најголем ризик од сериозна инфекција се:

  •     Луѓе со компромитиран имунолошки систем (на пр. kарцином)
  •     Постари лица
  •     Абориџини и домородни лица од Торес Стрејт кои имаат повисоки стапки на хронични заболувања
  •     Луѓе со хронични медицински состојби
  •     Луѓе кои споделуваат резиденцијален простор
  •     Луѓе во притворни центри
  •     Многу мали деца и бебиња *

* Во оваа фаза, ризикот за деца и бебиња и улогата што децата ја играат во пренесувањето на КОВИД-19 не е познат.Сепак, досега има ниска стапка на потврдени случаи на КОВИД-19 кај деца, во однос на пошироката популација.

Патување од, до или низ Австралија.

Државите и териториите можат да применат свои ограничувања, вклучително и затворање на државните граници. 

Задолжително собирање податоци

Од 1-ви октомври 2020 година, има задолжително собирање податоци за домашните летови за да им се помогне на државите и териториите кога станува збор за пронаоѓање на контакти: име, адреса на е-пошта, број на мобилен контакт и држава на живеење.

Национални принципи за јавниот превоз

Услугите за јавен превоз се одговорност на државите и териториите, а Националниот кабинет одобрува серија начела за да помогне во управувањето со здравјето и безбедноста на работниците и патниците на мрежите за јавен превоз, вклучително и:да не патувате кога не се чувствувате добро, одржување на физичко растојание од возачите и други патници и да се избегнува плаќање во готовина. 

Меѓународни патувања 

Постојат привремени мерки за меѓународните летови, кои Владата редовно ги разгледува.

Ова може да влијае на вашиот лет во Австралија. Информациите за ова се менуваат често. За повеќе информации посетете ја Smart Traveller

Со барањата за изолација и тестирање управуваат и ги спроведуваат владите на државите и териториите:

Меѓутоа, ако сакате да ја напуштите Австралија, можеби ќе можете да аплицирате преку интернет за да добиете слобода за патување доколку спаѓате во една од следниве категории:

  •  Вашето патување е како дел од одговорот на појавата на КОВИД-19, вклучително и давање на помош
  •  Вашето патување е од суштинско значење во однос на критични индустрии и деловни активности (вклучувајќи ги и извозните и увозните индустрии)
  •  Патувате за да добиете итен медицински третман што не е достапен во Австралија
  •  Патувате на итен и неизбежен личен бизнис
  •  Сочувствителни или хуманитарни основи
  •  Вашето патување е од национален интерес.

За повеќе информации притиснете тука Click here 


 

                                                    Владини информации        

 


 

Луѓето во Австралија мора да останат најмалку 1,5 метри од другите.

Проверете ги ограничувањата на вашата држава за ограничувања за собирање

Доколку имате симптоми на настинка или грип, останете дома и закажете тест повикувајќи го вашиот лекар или јавете се на телефонската линија за здравствени информации за коронавирус на 1800 020 080.

Вести и информации се достапни на 63 јазици на www.sbs.com.au/coronavirus

Проверете ги релевантните упатства за вашата држава или територија: Нов Јужен Велс, Викторија, Квинсленд, Западна Австралија, Јужна Австралија, Северна Територија, AКT, Тасманија.