Coming Up Wed 12:00 PM  AEST
Coming Up Live in 
Live
Macedonian radio

Најнови информации за КОВИД-19: Австралија го одложува повторното отворање, a Националниот кабинет се состанува за Омикрон

Greg Hunt, Karen Andrews and Paul Kelly. Source: AAP Image/Mick Tsikas

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 30 ноември 2021 година

 

  • Австралија го одложи  од 1 за 15 декември, повторното отворање на меѓународните граници за меѓународните квалификувани работници и студенти, како и за носителите на хуманитарна, виза за одмор со право на работа, и на привремените носители на семејни визи.
  • Сојузниот министер за здравство Грег Хант вели дека медицинските совети ќе ги регулираат сите идни промени.
  • Опозицијата ја поддржа одлуката на Владата да го одложи повторното отворање на меѓународните граници.
  • Националниот кабинет треба да се состане денеска за да разговара за националниот, државниот и територијалниот одговор на заканата од варијантата Омикрон, бидејќи заменик-главниот директор за здравство вели дека ширењето е неизбежно во заедницата.
  • Во Австралија има пет потврдени случаи на варијантата Омикрон, сите во карантин.
  • Западна Австралија се приближува до крајниот рок за задолжителна вакцинација за повеќе индустрии.
  • Од 17 декември, Квинсленд наложува вакцинација за работниците што работата во услови со висок ризик.

Статистика за Ковид-19:

  • Викторија забележа 918 нови, локално стекнати  и шест смртни случаи.
  • Нов Јужен Велс забележа 179 нови случаи во заедницата и три смртни случаи.

 За мерките што моментално се применуваат како одговор на пандемијата Ковид-19 на македонски јазик, кликнете овде.

Карантин и ограничувања во секоја држава/територија:

Дознајте што можете, а што не можете да правите во Вашата држава или територија

Патувања

Информации за меѓународни патници и Ковид-19 и информации за патувања на повеќе јазици

Финансиска помош

ма промени во плаќањето за катастрофи КОВИД-19, откако државите ќе достигнат 70 и 80 отсто целосно вакцинирани: Добијте помош за време на Ковид-19 од Services Australia на повеќе јазици

  

 

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

COVID-19 Vaccination Glossary
Appointment Reminder Tool.

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

NSW 
Victoria 
Queensland
South Australia 
ACT 
Western Australia 
Tasmania
Northern Territory 

Посетете ја страницата на  SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.

 

This story is also available in other languages.