Ова се најновите информации за КОВИД-19 во Австралија, за 24 мај.
Во вторникот, Австралија забележа најмалку 48 смртни случаи од КОВИД-19, вклучувајќи 18 во Квинсленд, 16 во Викторија и 14 во Нов Јужен Велс.
Новите случаи на КОВИД-19 повторно се зголемија низ Австралија, по падот забележан во текот на викендот и понеделникот.
Новите дневни инфекции во Квинсленд скокнаа од 3,534 во понеделникот, на 5,118 во вторникот. Слично и Западна Австралија објави пораст од 10.013 на 12.114 случаи. Таму беа објавени и шест нови смртни случаи.
Јужна Австралија, исто така, објави 14 смртни случаи, коишто се случиле меѓу 21 март 2022 година и 22 мај 2022 година.
Проверете ги најновите трендови на нови случаи со КОВИД-19, хоспитализации и смртни случаи во Австралија, притискајќи овде.
Јужна Австралија ги советува родителите да го пријават позитивниот резултат од РАТ (Рапиден тест) на нивното дете, во рок од 24 часа. Државната влада предложи ПСР тест за деца кои имаат симптоми на КОВИД-19, но чиј резултат на РАТ е негативен.
Министерот за здравство на Нов Јужен Велс, Бред Хазард, рече дека државните болници се соочуваат со тројна закана со висок број случаи на KОВИД-19, пораст на случаи на грип и на неплатени отсуствата на персоналот поради болест. Тој апелираше до жителите да примат вакцина против грип без дополнителни одложувања.
Квинсленд од денеска ќе започне со дистрибуција на бесплатни вакцини против грип за сите жители на возраст од над шест месеци. Жителите можат до 30 јуни да добијат бесплатна вакцина од нивниот матичен лекар или во аптека.
Информативните киосци за вакцинација против Ковид-19 сега работат до 29 мај, во следните трговски центри:
Нов Јужен Велс- Tweed Heads - Tweed City Shopping Centre
Нов Јужен Велс - Bankstown - Roselands Shopping Centre
Квинсленд- Loganholme - Logan Hyperdome
Квинсленд - Beenleigh - Beenleigh Marketplace
Квинсленд - Southport - Australia Fair Shopping Centre
Викторија- Cardinia - Pakenham Central
Јужна Австралија - Salisbury Downs - Hollywood Plaza
Јужна Австралија -Adelaide - Munno Para Shopping Centre
__________________________________________________________________________________________________________________________________
Прочитајте за вакцините против КОВИД-19 на македонски јазик
__________________________________________________________________________________________________________________________________
Најдете клиника за тестирање за КОВИД-19
Австралиската главна територија Нов Јужен Велс Северна Територија Квинсленд
Јужна Австралија Тасманија Викторија Западна Австралија
__________________________________________________________________________________________________________________________________
Доколку сте позитивни, регистрирајте ги вашите резултати од РАТ овде
Австралиската главна територија Нов Јужен Велс Северна Територија Квинсленд
Јужна Австралија Тасманија Викторија Западна Австралија
__________________________________________________________________________________________________________________________________
Дознајте што можете, а што не можете да правите насекаде во Австралија
Пред да тргнете во странство, проверете ги најновите барања и совети за патување
Ако ви треба финансиска помош, проверете кои се вашите опции
Еве помош за разбирање на стручните зборови поврзани со КОВИД-19 на македонски јазик
__________________________________________________________________________________________________________________________________
Прочитајте ги сите информации за КОВИД-19 на македонски јазик на порталот SBS Coronavirus