Coming Up Tue 12:00 PM  AEDT
Coming Up Live in 
Live
Macedonian radio

Најнови информации за КОВИД-19: Заклучувањето во Мелбурн продолжeно за една недела

Health staff monitor people after receiving a COVID-19 vaccination at the Royal Exhibition Building in Melbourne, Tuesday, August 10, 2021. Source: AAP Image/Daniel Pockett

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 11 август 2021 година.

  • Дабо, во регионалните делови на Нов Јужен Велс, влегува во заклучување
  • Во Викторија, пет случаи се под истрага
  • Кернс излегува од заклучување, како што беше планирано

Викторија

Викторија регистрираше 20 нови, локално стекнати случаи, од кои пет не се поврзани со познати епидемии. Шест случаи беа во заедницата, додека беа заразни.

Премиерот Даниел Ендрјус, вели дека заклучувањето на Мелбурн ќе биде продолжено барем до четврток, 19 август.

Најдете ја тука листата на центри за вакцинација.

Нов Јужен Велс

Нов Јужен Велс регистрираше 344 нови, локално стекнати случаи, од кои најмалку 65, во заедницата додека биле заразни. Две невакцинирани лица починаа од КОВИД-19, еден маж во 90тите и еден маж во 30тите години од животот. И двајцата имале постоечки здравствени проблеми.

Областа на локалната самоуправа Дабо, во регионалните делови од Нов Јужен Велс, денеска, од 13 часот, ќе влезе во еднонеделно заклучување, откако ќе бидат регистрирани два позитивни случаи во регионот.

Главната здравствена службеничка Др. Кери Чант, вели дека од 62 лица на интензивна нега, 57 лица се невакцинирани, додека петмина примиле една доза од вакцината.

Најдете ја тука листата со клиники за вакцинација.

Квинсленд

Квинсленд забележа четири нови, локално стекнати случаи поврзани со познати епидемии и ставени во карантин додека биле заразни.

Тридневното заклучување во Кернс и Јарабах ќе заврши денеска, во 16 часот, но некои ограничувања остануваат на сила.

Главната здравствена службеничка, Др Џенет Јанг, ги повикува децата на возраст од 12-15 години со сериозни здравствени состојби, да се пријават за вакцина.

Најдете тука како да се закажете за вакцинација.

Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:

NSW Travel & transport and Quarantine
VIC Travel permitOverseas travellers and Quarantine
ACT Transport and Quarantine
NT Travel and Quarantine
QLD Travel and Quarantine
SA Travel and Quarantine
TAS Travel and Quarantine
WA Travel and Quarantine

 

Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на Smart Traveller.

Вести и информации на над 60 јазици на sbs.com.au/coronavirus

Релевантни упатства за Вашата држава или територија: NSW, VictoriaQueenslandWestern AustraliaSouth AustraliaNorthern TerritoryACTTasmania.

Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик COVID-19 vaccine in your language

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

COVID-19 Vaccination Glossary
Appointment Reminder Tool.

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

NSW 
Victoria 
Queensland
South Australia 
ACT 
Western Australia 
Tasmania
Northern Territory 

Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:

NSW 
Victoria 
Queensland 
South Australia 
ACT 
Western Australia 
Tasmania
Northern Territory

Посетете ја страницата на SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.