Coming Up Thu 12:00 PM  AEDT
Coming Up Live in 
Live
Macedonian radio

Најнови информации за КОВИД-19: Нови заклучувања во околината на Сиднеј, западен Нов Јужен Велс и Aвстралиската капитална територија

Overlooking Lake Burley Griffin with Dept. of Defence in the foreground, Captain Cook water jet centre and Black Mountain top right. (AAP Photo/Alan Porritt) Source: AAP Photo/Alan Porritt

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 12 август 2021 година.

 

  • Повеќе области во Нов Јужен Велс под построги заклучувања
  • Најавена е дополнителна поддршка за бизнисите во Мелбурн
  • Aвстралиската капитална територија влегува во заклучување денеска, од 17 часот
  • Јужноавстралијците можат да патуваат до Квинсленд со авион

Нов Јужен Велс

Нов Јужен Велс регистрираше 345 нови, локално стекнати случаи, од кои најмалку 60 активни во заедницата, додека биле заразни. Двајца мажи во 90-тите години од животот, починаа поради КОВИД-19.

Областите на локалната самоуправа Боган, Бурк, Бруарина, Кунамбл, Гилгандра, Наромин, Волгет и Ворен, преку ноќ беа додадени на списокот заклучени области во Нов Јужен Велс.

Бејсајд, Бурвуд и Стратфилд се предмет на дополнителни ограничувања за КОВИД-19, почнувајќи од денеска, од 17 часот, со што вкупниот број области на локалната самоуправа под заклучување во Сиднеј изнесува 12.

Најдете го тука списокот со клиники за вакцинација.

Викторија

Викторија регистрираше 21 нов, локално стекнат случај, од кои четири не се поврзани со познати епидемии. Шест случаи беа во заедницата додека беа заразни.

Министерот за работни места, иновации и трговија, Мартин Пакула, најави дополнителна поддршка за повеќе од 100,000 бизниси во Мелбурн, погодени од втората недела заклучување.

Најдете го тука списокот со центри за вакцинација.

Последните 24 часа низ Австралија

  • Територијата на главниот град на Австралија, го евидентира првиот локален случај со КОВИД-19 во текот на една година, и влегува во еднонеделно заклучување од денеска, во 17 часот.
  • Квинсленд регистрира 10 нови, локално стекнати случаи, сите поврзани со познати епидемии и ставени во карантин додека биле заразни.
  • Премиерката на Квинсленд, Палашчук, вели дека Јужноавстралијците можат да дојдат во Квинсленд со авион, и ги предупредува жителите да не ја преминуваат границата со Нов Јужен Велс.

Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:

NSW Travel & transport and Quarantine
VIC Travel permitOverseas travellers and Quarantine
ACT Transport and Quarantine
NT Travel and Quarantine
QLD Travel and Quarantine
SA Travel and Quarantine
TAS Travel and Quarantine
WA Travel and Quarantine

 

Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на Smart Traveller.

Вести и информации на над 60 јазици на sbs.com.au/coronavirus

Релевантни упатства за Вашата држава или територија: NSW, VictoriaQueenslandWestern AustraliaSouth AustraliaNorthern TerritoryACTTasmania.

Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик COVID-19 vaccine in your language

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

COVID-19 Vaccination Glossary
Appointment Reminder Tool.

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

NSW 
Victoria 
Queensland
South Australia 
ACT 
Western Australia 
Tasmania
Northern Territory 

Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:

NSW 
Victoria 
Queensland 
South Australia 
ACT 
Western Australia 
Tasmania
Northern Territory

Посетете ја страницата на SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.