Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 23 ноември 2021 година.
- Северната територија ќе остане во заклучување до 4 декември, бидејќи државата забележа три нови локални случаи, од кои едно е дете.
- Премиерката на Квинсленд, Анастасија Палашчук, вели „не доаѓаат предвид“ брзи патувања до Сиднеј, додека Квинсленд не ја постигне целта за вакцинација од 90 проценти.
- Нов Јужен Велс повикува на ремонт на системот за тестирање за домашните патници.
- Јужна Австралија се отвори за пристигнувања без карантин, за патниците од Нов Јужен Велс, Територијата на главниот град на Австралија и Викторија. Од петокот попладне до сега, 43.000 патници се пријавиле преку веб-страницата EntryCheck.
- Луѓето кои патуваат во Јужна Австралија од областите на локалната самоуправа со стапка на вакцинација помала од 80 проценти, сè уште ќе треба да одат во карантин.
Статистика за Ковид-19:
- Викторија забележа 827 нови локално стекнати и 19 смртни случаи. Од нив, 17 не биле вакцинирани.
- Нов Јужен Велс забележа 173 нови и два смртни случаи.
- Територијата на главниот град на Австралија регистрираше 19 нови локални случаи.
Карантин и ограничувања во секоја држава/територија:
Дознајте што можете, а што не можете да правите во Вашата држава или територија
Патувања
Информации за меѓународни патници и Ковид-19 и информации за патувања на повеќе јазици
Финансиска помош
ма промени во плаќањето за катастрофи КОВИД-19, откако државите ќе достигнат 70 и 80 отсто целосно вакцинирани: Добијте помош за време на Ковид-19 од Services Australia на повеќе јазици
- Вести и информации на над 60 јазици на sbs.com.au/coronavirus
- Релевантни упатства за Вашата држава или територија: NSW, Victoria, Queensland, Western Australia, South Australia, Northern Territory, ACT, Tasmania.
- Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик COVID-19 vaccine in your language
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
COVID-19 Vaccination Glossary
Appointment Reminder Tool.
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
NSW
Victoria
Queensland
South Australia
ACT
Western Australia
Tasmania
Northern Territory
Посетете ја страницата на SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.