Coming Up Mon 12:00 PM  AEDT
Coming Up Live in 
Live
Macedonian radio

Најнови информации за КОВИД-19: Нов Јужен Велс го забрзува повторното отворање, Викторија ги олеснува граничните ограничувањата

NSW Premier Dominic Perrottet addresses media during a press conference in Sydney, Thursday, October 7, 2021. Source: AAP

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 7 октомври 2021 година

 

  • Викторија се фокусира на стапката на вакцинација кај лицата со попреченост
  • Нов Јужен Велс ја достигна целта за двојна вакцинација за 70 проценти
  • Канбера на пат да стане еден од градовите со највисока стапка на вакцинација во светот

Викторија

Викторија забележа 1,638 нови, локално стекнати случаи, како и два смртни случаи.

Од денеска, областите од т.н “црвената зона” во Нов Јужен Велс и Територијата на главниот град на Австралија, коишто не се во заклучување, се класифицирани како “портокалови зони”, што им овозможува на илјадници заглавени Викторијци, да поднесат барање за враќање дома.

Од утре, 8 октомври, луѓето со попреченост можат да се вакцинираат без резервација, во државните центри за вакцинација. Државата, исто така, ќе отвори десет специјализирани, привремени центри за вакцинација за лицата со попреченост, во области кои се предмет на загриженост.

Најдете центар за вакцинација во Ваша близина.

Нов Јужен Велс

Нов Јужен Велс регистрираше 587 нови, локално стекнати случаи и осум смртни случаи.

Премиерот Доминик Перотет, најави промени во планот за повторно отворање на државата, откако таа достигна пресвртница од 70 проценти за двојна вакцинација.

Од понеделник, 11 октомври, собирите во затворени простории ќе се удвојат на 10 посетители (не сметајќи ги децата), а собирите на отворено ќе се зголемат од 20 на 30.

Бројот за свадбите и погребите на отворено, ќе се удвои на до најмногу 100 лица. Внатрешните базени, исто така, повторно ќе се отворат.

Кликнете тука за да резервирате денеска термин за вакцина.

Територија на главниот град на Австралија

Територијата забележа 41 нов, локално стекнат случај.

Територијата на главниот град на Австралија стана првата австралиска јурисдикција, што надмина 96 -те проценти од првата доза, за лица на возраст од над 12 години.

Кликнете овде за да ја резервирате Вашата вакцинација против КОВИД-19.

Последните 24 часа низ Австралија

Квинсленд забележа уште еден ден без пренос на вирусот во заедницата. 

 

Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:

NSW Travel & transport and Quarantine
VIC Travel permitOverseas travellers and Quarantine
ACT Transport and Quarantine
NT Travel and Quarantine
QLD Travel and Quarantine
SA Travel and Quarantine
TAS Travel and Quarantine
WA Travel and Quarantine

 

Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на Smart Traveller.

Вести и информации на над 60 јазици на sbs.com.au/coronavirus

Релевантни упатства за Вашата држава или територија: NSW, VictoriaQueenslandWestern AustraliaSouth AustraliaNorthern TerritoryACTTasmania.

Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик COVID-19 vaccine in your language

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

COVID-19 Vaccination Glossary
Appointment Reminder Tool.

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

NSW 
Victoria 
Queensland
South Australia 
ACT 
Western Australia 
Tasmania
Northern Territory 

Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:

NSW 
Victoria 
Queensland 
South Australia 
ACT 
Western Australia 
Tasmania
Northern Territory

Посетете ја страницата на  SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.

This story is also available in other languages.