Coming Up Mon 12:00 PM  AEDT
Coming Up Live in 
Live
Macedonian radio

Најнови информации за КОВИД-19: Случаите во Нов Јужен Велс растат, Јужна Австралија на пат да стави крај на заклучувањето

Protesters march along Broadway during the World Wide Rally For Freedom anti-lockdown rally at Hyde Park in Sydney, Saturday, July 24, 2021. Source: AAP Image/Mick Tsikas

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 24 јули 2021 година.

 • Расте бројот на случаите на КОВИД-19 во Нов Јужен Велс

• Демонстрантите против заклучувањето маршираат во Сиднеј и во Мелбурн.

• Викторија го прогласи целиот Нов Јужен Велс за „зона од екстремен ризик“ поврзан со КОВИД-19.

• Јужна Австралија е на пат да стави крај на еднонеделното заклучување.

Нов Јужен Велс

Нов Јужен Велс регистрираше 163 нови, локално стекнати случаи, што е најголем број на дневни нови инфекции во епидемијата на типот Делта, од јуни досега. Полицијата во Нов Јужен Велс издаде 246 казни на лица, поради прекршување на наредбите за јавно здравје. Бројот на починати во сегашната епидемија на Делта достигна шест.

Сега се воведени зголемени ограничувања за две дополнителни области на локалната самоуправа во западен Сиднеј, Камберленд и Блектаун. Само овластените работници можат да ги напуштат овие области.

Пронајдете овде, ажурираниот список на локации на изложеност на КОВИД-19.

Викторија

Викторија забележа 12 нови, локално стекнати случаи, од кои само двајца активни во заедницата, додека биле заразни.

Главниот здравствен службеник, Брет Сатон, доцна во петокот го прогласи целиот Нов Јужен Велс за „зона од екстремен ризик“ поврзан со КОВИД-19, одлука што стапува на сила од вечерва 23.59 часот.

Пронајдете ги тука, локациите на случаите во список или мапа. Тековното заклучување ќе биде продолжено до вторник, 27 јули, во 23:59 часот.

Последни 24 часа низ Австралија

Премиерот на Јужна Австралија, Стивен Маршал, вели дека државата е на добар пат и веројатно во вторник ќе излезе од заклучувањето, со отворање на училиштата во среда.

Премиерот Скот Морисон не може да се обврзе на итно зголемување на вакцините “Фајзер”, за Нов Јужен Велс.

Илјадници демонстранти против заклучувањето, ги прекршија ограничувањата за КОВИД-19, и се собраа во Сиднеј и Мелбурн.

КОВИД-19 МИТ:

Здравите млади луѓе не се под влијание на КОВИД-19. Само им штети и убива стари или болни луѓе.

КОВИД-19 ФАКТ:

Вирусот повеќе ги погодува постарите луѓе и оние со основни состојби, но исто така им штети и убива на некои здрави, млади луѓе.

Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:

NSW Travel & transport and Quarantine
VIC Travel permitOverseas travellers and Quarantine
ACT Transport and Quarantine
NT Travel and Quarantine
QLD Travel and Quarantine
SA Travel and Quarantine
TAS Travel and Quarantine
WA Travel and Quarantine

 

Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на Smart Traveller.

Вести и информации на над 60 јазици на sbs.com.au/coronavirus

Релевантни упатства за Вашата држава или територија: NSW, VictoriaQueenslandWestern AustraliaSouth AustraliaNorthern TerritoryACTTasmania.

Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик COVID-19 vaccine in your language

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

COVID-19 Vaccination Glossary
Appointment Reminder Tool.

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

NSW 
Victoria 
Queensland
South Australia 
ACT 
Western Australia 
Tasmania
Northern Territory 

Посетете ја страницата на SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија

This story is also available in other languages.