Coming Up Mon 12:00 PM  AEDT
Coming Up Live in 
Live
Macedonian radio

Најнови информации за КОВИД-19: Нов Јужен Велс влезе во последната недела од заклучувањето, додека Мелбурн стана најзатворениот град во светот

People are seen exercising at Albert Park Lake in Melbourne, Monday, October 4, 2021. Source: AAP Image/Daniel Pockett

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 4 октомври 2021 година

 

  • Во Викторија, 45 проценти од новите случаи се на возраст под 30 години
  • Седумдневно заклучување почнува денеска, во Лисмор, во регионален Нов Јужен Велс
  • Над 93 проценти од жителите на Канбера, на возраст од над 12 години се делумно вакцинирани
  • Квинсленд забележа еден нов случај, стекнат локално

Викторија

Викторија забележа 1,377 нови, локално стекнати случаи, како и четири смртни случаи.

Фрагменти од вируси се откриени во примероци од канализацијата во Милдура. Повеќе локации за изложеност од ниво 1, се наведени во регионална Викторија, вклучувајќи ги Морвел и Шепартон.

Жителите на Мелбурн минаа 246 дена, живеејќи под наредба за престој дома, низ шест заклучувања, надминувајќи го рекордот поставен од аргентинската престолнина Буенос Аирес.

Најдете центар за вакцинација во Ваша близина.

Нов Јужен Велс

Нов Јужен Велс регистрираше 623 нови, локално стекнати случаи, како и шест смртни случаи.

Наредбата за престој дома, за локалната самоуправа Лисмор, важи до 11 октомври и се однесува на секого што е во областа од 28 септември.

Нов Јужен Велс ја почна својата последна закажана недела во заклучување, при што до полноќ во саботата, 2 октомври, 67,1 проценти од луѓето на возраст од над 16 години биле целосно вакцинирани.

Кликнете тука за да резервирате денеска термин за вакцина.

Територија на главниот град на Австралија

Во територијата се регистрирани 28 нови локално стекнати случаи и два смртни случаи.

Во моментов има 16 пациенти со КОВИД во болниците, вклучувајќи пет на интензивна нега и еден на кислородна поддршка.

Над 93 проценти од жителите со право на вакцина, ја примиле првата доза против КОВИД.

Кликнете овде за да ја резервирате Вашата вакцинација против КОВИД-19.

Последните 24 часа низ Австралија

 

Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:

NSW Travel & transport and Quarantine
VIC Travel permitOverseas travellers and Quarantine
ACT Transport and Quarantine
NT Travel and Quarantine
QLD Travel and Quarantine
SA Travel and Quarantine
TAS Travel and Quarantine
WA Travel and Quarantine

 

Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на Smart Traveller.

Вести и информации на над 60 јазици на sbs.com.au/coronavirus

Релевантни упатства за Вашата држава или територија: NSW, VictoriaQueenslandWestern AustraliaSouth AustraliaNorthern TerritoryACTTasmania.

Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик COVID-19 vaccine in your language

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

COVID-19 Vaccination Glossary
Appointment Reminder Tool.

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

NSW 
Victoria 
Queensland
South Australia 
ACT 
Western Australia 
Tasmania
Northern Territory 

Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:

NSW 
Victoria 
Queensland 
South Australia 
ACT 
Western Australia 
Tasmania
Northern Territory

Посетете ја страницата на  SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.

This story is also available in other languages.