Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 19 август 2021 година.
- Продолжено до 28 август, заклучувањето во регионалните области на Нов Јужен Велс
- Викторија бележи пораст на бројот на случаи, и го одброја 200тиот ден во заклучување за време на пандемијата
- Aвстралиската капитална територија забележа девет мистериозни случаи
- Квинсленд и Северната територија не регистрираа нови, локално стекнати случаи
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс регистрираше 681 нови, локално стекнати случаи, од кои најмалку 87 случаи присутни во заедницата, додека биле заразни. Почина едно лице во 80-ти години од животот, со што вкупниот број смртни случаи поврзани со КОВИД, во сегашната појава на Делта, се искачи на 61.
Мерилендс, Гилдфорд, Обурн, Гранвил, Лидкомб, Гринакрер и Блектаун, се области што генерираат поголем број случаи, вели премиерката на Нов Јужен Велс, Гладис Береџиклијан.
Од 82 случаи на интензивна нега, 71 не се вакцинирани.
Резервирајте тука денеска термин за вакцинација.
Викторија
Викторија регистрираше 57 нови локално стекнати случаи, од кои три не се поврзани со познати епидемии. Тринаесет случаи беа во заедницата додека беа заразни.
Заменикот на главниот здравствен службеник, Бен Коуви, вели дека повтореното тестирање на отпадните води, покажува откривање на вирусот во Шепартон во североисточна Викторија и во предградието Ардеер, во Мелбурн..
Најдете ја тука листата на центри за вакцинација.
Територија на главниот град на Австралија
Територија на главниот град на Австралија регистрираше 16 нови локално стекнати случаи, од кои пет не се поврзани со познати епидемии. Вкупниот број активни случаи во Канбера е 83.
Трамвајска линија на Канбера, автобуски линии, центарот за рано учење во претшколска возраст во Тарнер, и амбуланта за општо здравје во Белконен, се меѓу новите места за изложеност на близок контакт.
Проверете тука дали имате право на вакцинација против КОВИД-19.
Последните 24 часа низ Австралија
- Заклучувањето во пошироката околина на Дарвин е укинато, но некои правила остануваат на сила.
- Заклучувањето на Кетрин е продолжено петок, 20 август, до 12 часот.
- Премиерката Анастасија Палашчук бара воено распоредување по границата на Квинсленд со Нов Јужен Велс.
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
NSW Travel & transport and Quarantine
VIC Travel permit, Overseas travellers and Quarantine
ACT Transport and Quarantine
NT Travel and Quarantine
QLD Travel and Quarantine
SA Travel and Quarantine
TAS Travel and Quarantine
WA Travel and Quarantine
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на Smart Traveller.
Вести и информации на над 60 јазици на sbs.com.au/coronavirus
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: NSW, Victoria, Queensland, Western Australia, South Australia, Northern Territory, ACT, Tasmania.
Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик COVID-19 vaccine in your language
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
COVID-19 Vaccination Glossary
Appointment Reminder Tool.
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
NSW
Victoria
Queensland
South Australia
ACT
Western Australia
Tasmania
Northern Territory
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
NSW
Victoria
Queensland
South Australia
ACT
Western Australia
Tasmania
Northern Territory
Посетете ја страницата на SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.