Coming Up Mon 12:00 PM  AEST
Coming Up Live in 
Live
Macedonian radio

Најнови информации за КОВИД-19: Нов Јужен Велс наметнува построги казни за карантин, со утврдувањето на шестиот случај со Омикрон

People arriving at Sydney International Airport in Sydney. Source: AAP

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 1 декември 2021 година

 

Нов Јужен Велс го забележа шестиот случај со вирусот Омикрон. Тоа е маж од Сиднеј, на 40 годишна возраст, кој пристигна со истиот лет минатиот четврток како и другите случаи.

Главниот медицински службеник Пол Кели, вели дека ќе бидат потребни до две недели, пред да има доволно информации за заканата од варијантата Омикрон.

Сите меѓународни патници кои влегуваат во Нов Јужен Велс и Викторија, треба да се изолираат 72 часа и да направат тест за Ковид-19. Вториот тест мора да се направи на шестиот ден по пристигнувањето во Нов Јужен Велс, и меѓу петтиот и седмиот ден во Викторија, дури и по излегувањето од карантин.

Сите патници кои влегуваат во Нов Јужен Велс од осумте јужноафрикански нации, или девет во случајот на Викторија, ќе треба да бидат во карантин 14 дена.

Нов Јужен Велс ги зголеми казните од 1000 долари на 5000 долари за оние кои нема да ги исполнат барањата за карантин или тестирање. Казната за корпорациите кои ги прекршуваат барањата е двојно зголемена, и иснесува на 10.000 долари.

Статистика за Ковид-19:

Викторија регистрира 1,179 случаи и шест смртни случаи, Нов Јужен Велс забележа 251 нов случај и а во Квинсленд немаше нови случаи.

Карантин и ограничувања во секоја држава/територија:

Дознајте што можете, а што не можете да правите во Вашата држава или територија

Патувања

Информации за меѓународни патници и Ковид-19 и информации за патувања на повеќе јазици

Финансиска помош

ма промени во плаќањето за катастрофи КОВИД-19, откако државите ќе достигнат 70 и 80 отсто целосно вакцинирани: Добијте помош за време на Ковид-19 од Services Australia на повеќе јазици

 

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

COVID-19 Vaccination Glossary
Appointment Reminder Tool.

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

NSW 
Victoria 
Queensland
South Australia 
ACT 
Western Australia 
Tasmania
Northern Territory 

Посетете ја страницата на  SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.

 

This story is also available in other languages.