Coming Up Wed 12:00 PM  AEST
Coming Up Live in 
Live
Macedonian radio

Најнови информации за КОВИД-19: Нов Јужен Велс започнува пилот-програма за враќање на меѓународните студенти, Викторија ќе отвори повеќе привремени центри за вакцинација со “Модерна”

Victorian Police officers patrol through Bourke Street Mall ahead of a planned rally in Melbourne, Friday, September 24, 2021. Source: AAP/James Ross

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 24 септември 2021 година.

 

  • Во Нов Јужен Велс, една третина од децата на возраст од 12 до 15 години примиле прва доза од вакцината против Ковид
  • Викторија најавува дополнителни дози на вакцината “Модерна”
  • Расте списокот со места на изложеност во Aвстралиската капитална територија
  • Целосно вакцинирани се педесет проценти од Австралијците со право на вакцина

Нов Јужен Велс

Нов Јужен Велс регистрираше 1.043 нови, локално стекнати случаи и 11 смртни случаи.

Државата започнува пилот -програма за враќање на околу 500 меѓународни студенти, кои биле вакцинирани со вакцини “Фајзер”, “АстраЗенека” или “Модерна”.

Кликнете тука за да резервирате денеска термин за вакцинација.

Викторија

Викторија регистрираше 733 нови, локално-стекнати случаи, од кои 84 проценти се лица на возраст под 50 години. Едно лице почина.

Министерот за здравство Мартин Фоли, рече дека над 700 аптеки низ државата ќе добијат над 300.000 дози “Модерна” во наредните недели. Исто така, околу 32.000 дополнителни дози на вакцината “Модерна” ќе бидат распределени во привремените центри за вакцинација и ќе бидат достапни за секого на возраст од 12-59 години.

Најдете центар за вакцинација во Ваша близина.

Територијата на главниот град на Австралија

Територијата регистрираше 19 нови, локално-стекнати случаи. Целосно вакцинирана медицинска сестра од Calvary Haydon Retirement Community, на северот на Канбера, се покажа позитивна на КОВИД-19. Територијата сега има околу 450 локации на изложеност.

Кликнете овде за да ја резервирате Вашата вакцинација против КОВИД-19.

Последните 24 часа низ Австралија

Пробната излоација во домашни услови во Тасманија, започнува денеска, при што патниците треба да ги следат правилата како што се негативен тест за КОВИД-19 и приватен превоз од аеродромот, за да избегнат користење јавни услуги.


COVID-19 myths
SBS

Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:

NSW Travel & transport and Quarantine
VIC Travel permitOverseas travellers and Quarantine
ACT Transport and Quarantine
NT Travel and Quarantine
QLD Travel and Quarantine
SA Travel and Quarantine
TAS Travel and Quarantine
WA Travel and Quarantine

 

Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на Smart Traveller.

Вести и информации на над 60 јазици на sbs.com.au/coronavirus

Релевантни упатства за Вашата држава или територија: NSW, VictoriaQueenslandWestern AustraliaSouth AustraliaNorthern TerritoryACTTasmania.

Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик COVID-19 vaccine in your language

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

COVID-19 Vaccination Glossary
Appointment Reminder Tool.

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

NSW 
Victoria 
Queensland
South Australia 
ACT 
Western Australia 
Tasmania
Northern Territory 

Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:

NSW 
Victoria 
Queensland 
South Australia 
ACT 
Western Australia 
Tasmania
Northern Territory

Посетете ја страницата на SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.

This story is also available in other languages.