Coming Up Fri 12:00 PM  AEST
Coming Up Live in 
Live
Macedonian radio

Најнови вести за Ковид-19: НЈВ го направи задолжително пријавувањето на позитивните резултати од брзите тестови

Paramedics tending to their ambulance outside St Vincent hospital in Melbourne. Source: AAP

Австралија забележа најсмртоносен ден од почетокот на пандемијата, со 42 нови смртни случаи пријавени во Нов ЈуженВелс и Викторија.

Сега е задолжително за жителите во Нов Јужен Велс да пријавуваат позитивни резултати од брзиот антигенски тест  (RAT) преку апликацијата ServiceNSW,  во спротивно, доколку не се регистрира позитивно отчитување ќе следува казна од 1.000 долари, што  ќе се применува од 19 јануари.

Од 21 смртен случај евидентирани во Нов Јужен Велс, седум се од петходниот период, еден е маж на 30-годишна возраст, а регистрирани се 34.759 нови случаи.

Околу 90 насто од случаите во Нов Јужен Велс се инфекции со Омикрон, вели главната здравствена директорка Кери Чант.

Викторија евидентира 40.127 нови инфекции со КОВИД-19, а од вирусот починаа 21 лице.

Бројот на луѓе со вирус во болниците во Викторија скокна на 946, што е за 85 повеќе од претходниот ден,112 се на интензивна нега а на 31 им е потребна кислородна поддршка со вентилатор.

Бројот на примени лица во болниците во Квинсленд се искачи на 525, 30 се на оддели за интензивна нега, од кои осум се на поддршка со вентилатор.

По итните здравствени состаноци одржани во среда, деловните сектори ќе ги олабават правилата за изолација поради КОВИД, откако брзиот пораст на бројот на заразени со вирусот доведе до големи проблеми во синџирот на снабдување.

Експертите на СЗО предупредија дека повторната вакцинација со дополнителни дози или бустери на оригиналните вакцини не е корисна стратегија против новите варијанти и упатија повик за нови вакцини кои подобро би штителе од пренесување на инфекциите.

Директорот на СЗО за Европа, Ханс Клуге, вели дека сојот Омикрон е на пат да зарази над половина од Европејците во следните шест до осум седмици.

Повеќе држави поставија формулари за регистрација на позитивните резултати од брзиот антигенски тест (RAT)

Статистика за КОВИД-19:

Нов Јужен Велс евидентира 34.759 инфекции и 21 смртен случај.

Викторија регистрира 40.127 нови случаи и 21 смртен случај. Од нив,18.434 се добиени од брзи антигенски тестови (RAT).

Квинсленд евидентира 22.069 нови случаи, од кои 3.985 се од брзи антигенски тестови, додека во Тасманија се пријавени 1.583 случаи.

За мерките што моментално се во сила како одговор на пандемијата на КOVID-19 на вашиот јазик, притиснете овде here.

Карантин и ограничувања во државите

Find out what you can and can't do in your state or territory

Патување

Information for international travellers и Ковид-19 и информации за патување на вашиот јазик in language

Финансиска помош

Има измени во  исплатите за Ковид-19 во случај н катастрофа ( COVID-19 Disaster Payment) кога државите ќе постигнат 70 и 80 проценти потполно вакцинирани: Getting help during Covid-19 from Services Australia in language

Информирајте се со преведените материјали на NSW Multicultural Health Communication Service 

COVID-19 Vaccination Glossary

Appointment Reminder Tool.

Клиники за тестирање во државите и териториите

NSW 
Victoria 
Queensland 
South Australia 
ACT 
Western Australia 
Tasmania
Northern Territory

This story is also available in other languages.