Coming Up Mon 12:00 PM  AEDT
Coming Up Live in 
Live
Macedonian radio

Најнови информации за КОВИД-19: Нов Јужен Велс ги укинува хотелскиот и домашниот карантин, Викторија ги олеснува граничните ограничувања со Нов Јужен Велс

From Tuesday, Victoria will scrap quarantine requirements for the fully vaccinated in NSW. Source: AAP

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 15 октомври 2021 година

  • Од 1 ноември, Нов Јужен Велс ќе го укине карантинот за целосно вакцинираните патници  
  • Викторија да ги укине барањата за карантин за целосно вакцинираните жители на Нов Јужен Велс
  • Патувањата низ регионалните делови на Нов Јужен Велс се одложени до 1 ноември

Нов Јужен Велс

Нов Јужен Велс регистрираше 399 нови, локални случаи на коронавирус, како и три смртни случаи.

Премиерот Доминик Перотет, потврди дека некои мерки ќе бидат ублажени во понеделник, откако државата ќе достигне 80 проценти вакцинација со двојна доза.

Тој рече дека високите нивоа на вакцинација значат дека хотелскиот карантин за меѓународни пристигнувања, како и домашниот карантин, може да се прекинат од 1 ноември, за лицата со примени со две дози од вакцината. Негативен ПЦР тест за Ковид ќе биде потребен, пред патниците да се качат на нивните летови и режимот за тестирање ќе биде воспоставен при пристигнувањето. Вакцините ќе треба да бидат признаени од Терапевтската управа- TGA. Приоритет ќе биде враќањето на Австралијците.

Од понеделник, дозволениот број за собирање дома ќе се зголеми на 20 луѓе, додека собирите на отворено ќе се зголемат на 50 луѓе.

Патувањата низ регионалните делови на Нов Јужен Велс се одложени до 1 ноември

Најдете центар за вакцинација во Ваша близина.

Викторија

Од следниот вторник, Викторија ќе ги укине барањата за карантин за целосно вакцинираните жители во Нов Јужен Велс.

Државата регистрираше 2.179 нови, случаи на КОВИД-19, како и шест смртни случаи. Патниците мора да имаат негативен тест направен во рок од 72 часа по пристигнувањето во државата.

Мандатот за вакцина против КОВИД-19 сега е воспоставен за овластени работници, на сите сега им е потребна првата доза или закажана резервација за да продолжат да работат на лице место.

Кликнете тука за да резервирате термин за вакцина.

Територија на главниот град на Австралија

Во Територијата на главниот град на Австралија 35 нови случаи, со што вкупниот број на случаи за оваа појава изнесува 1,394. Жена на 70 годишна возраст почина во установа за нега на стари лица.

Кликнете тука за денеска да резервирате термин за вакцина.

Низ Австралија во текот на изминатите 24 часа

Три комплети за само-тестирање за КОВИД-19, со точност од околу 97 проценти, ќе се најдат на полиците на аптеките на 1 ноември.

Австралиското биро за статистика вели дека уште 138.000 работни места се загубени во септември, поради заклучувањата во Нов Јужен Велс, Викторија и Територијата на главниот град на Австралија.

 

Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:

NSW Travel & transport and Quarantine
VIC Travel permitOverseas travellers and Quarantine
ACT Transport and Quarantine
NT Travel and Quarantine
QLD Travel and Quarantine
SA Travel and Quarantine
TAS Travel and Quarantine
WA Travel and Quarantine

 

Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на Smart Traveller.

Вести и информации на над 60 јазици на sbs.com.au/coronavirus

Релевантни упатства за Вашата држава или територија: NSW, VictoriaQueenslandWestern AustraliaSouth AustraliaNorthern TerritoryACTTasmania.

Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик COVID-19 vaccine in your language

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

COVID-19 Vaccination Glossary
Appointment Reminder Tool.

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

NSW 
Victoria 
Queensland
South Australia 
ACT 
Western Australia 
Tasmania
Northern Territory 

Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:

NSW 
Victoria 
Queensland 
South Australia 
ACT 
Western Australia 
Tasmania
Northern Territory

Посетете ја страницата на  SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.

This story is also available in other languages.