Coming Up Mon 12:00 PM  AEDT
Coming Up Live in 
Live
Macedonian radio

Најнови информации за КОВИД-19: Нов Јужен Велс со поглед кон меѓународните патувања, ограничувањата во Викторија се намалуваат

A pharmacy worker receives a temperature sensitive box with Pfizer vaccines at the Sandown Racecourse Vaccination Centre in Melbourne, Tuesday, August 31, 2021. Source: AAP Image/Daniel Pockett

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 1 септември 2021 година.

 

  • Фрагменти од КОВИД-19 откриени низ Нов Јужен Велс во области без познати случаи
  • Над 70.000 термини за вакцинација со “ АстраЗенека” се достапни во државните клиники во Викторија,
  • Резервациите на “Фајзер” се отворени за оние на возраст од 16 до 29 години во Територијата на главниот град на Австралија

Нов Јужен Велс

Нов Јужен Велс регистрираше 1.116 нови, локално-стекнати случаи и четири смртни случаи.

Фрагменти од KОВИД-19 беа откриени во отпадните води во Тредбо, Меримбула, Порт Макаури, Данбоган, Бони Хилс, Ворен, Молонг, Тамворт и Гунада.

Премиерката Гладис Береџиклиjан истакна дека меѓународните патувања би можеле да продолжат во ноември.

Кликнете за да го резервирате денеска, Вашиот термин за вакцина или да дознаете како да добиете доказ за Вашата вакцинација против КОВИД-19.

Викторија

Викторија забележа 120 нови локално стекнати случаи и два смртни случаи.

Премиерот Даниел Ендрјус најави олеснување на ограничувањата - вклучително и радиусот за патување од 5 километри двојно зголемен на 10 километри - откако 70 проценти од населението ќе ја добие првата доза, што се очекува да се случи до 23 септември.

Градежните работи ќе бидат дозволени со капацитет од 50 проценти, откако 90 проценти од работниците ќе ја добијат првата доза од вакцината.

Од 7 септември, учениците од 12 одделение ќе имаат приоритет за вакцинација. Тестот за општо достигнување- The General Achievement Test- ќе се одржи на 5 октомври, додека часовите во училница во Третиот термин нема да бидат можни.

Од утре на полноќ, игралиштата за деца повторно ќе бидат отворени.

Најдете центар за вакцинација во Ваша близина.

Територија на главниот град на Австралија

Територијата на главниот град на Австралија регистрираше 23 нови, локално-стекнати случаи, од кои најмалку 12 присутни во заедницата, додека биле заразни.

Жителите на Канбера, на возраст од 16 до 29 години, сега може да ја резервираат вакцината “Фајзер” во некоја од државните клиники за масовна вакцинација на Територијата на главниот град на Австралија или кај матичен лекар. Во моментот нема достапни термини во државните клиники се до крајот на октомври.

Најдете овде како да го резервирате Вашиот термин за вакцинација.


alc covid mental health
ALC

Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:

NSW Travel & transport and Quarantine
VIC Travel permitOverseas travellers and Quarantine
ACT Transport and Quarantine
NT Travel and Quarantine
QLD Travel and Quarantine
SA Travel and Quarantine
TAS Travel and Quarantine
WA Travel and Quarantine

 

Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на Smart Traveller.

Вести и информации на над 60 јазици на sbs.com.au/coronavirus

Релевантни упатства за Вашата држава или територија: NSW, VictoriaQueenslandWestern AustraliaSouth AustraliaNorthern TerritoryACTTasmania.

Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик COVID-19 vaccine in your language

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

COVID-19 Vaccination Glossary
Appointment Reminder Tool.

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

NSW 
Victoria 
Queensland
South Australia 
ACT 
Western Australia 
Tasmania
Northern Territory 

Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:

NSW 
Victoria 
Queensland 
South Australia 
ACT 
Western Australia 
Tasmania
Northern Territory

Посетете ја страницата на  SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.