Coming Up Tue 12:00 PM  AEDT
Coming Up Live in 
Live
Macedonian radio

Најнови информации за КОВИД-19: Од понеделник со олеснети ограничувања за целосно вакцинираните жители во Нов Јужен Велс

NSW Premier Gladys Berejiklian arrives to speak to the media during a press conference in Sydney, Friday, September 10, 2021. Source: AAP Image/Joel Carrett

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 10 септември 2021 година

 

  • Откриени фрагменти од КОВИД-19, во области на регионален Нов Јужен Велс, каде нема скорешни случаи
  • Прекинати бројни услуги на регионалната, возна линија V/Line во Викторија
  • Дополнителни термини за вакцини се достапни во Територијата на главниот град на Австралија
  • Квинсленд забележа еден нов случај во заедницата

Нов Јужен Велс

Нов Јужен Велс регистрираше 1.542 нови, локално-стекнати случаи, како и девет смртни случаи.

Од понеделник, 13 септември, на до пет целосно вакцинирани жители, кои не живеат во една од 12-те области-жаришта на Ковид, ќе им биде дозволено да се сретнат на отворено. Оние кои живеат во тие области, ќе можат да излезат на излет или рекреација, со целосно вакцинирани членови на нивното домаќинство, до два часа секој ден, а ќе можат и да вежбаат на неограничено време.

Фрагменти од КОВИД-19 се откриени во пречистителни станици во Тамворт, Лајтинг Риџ, Глен Инес, плажата Калбура и Моруја.

Од понеделник на 13 септември, NSW Health ќе обезбедува видео-ажурирања преку Интернет, наместо прес -конференции во живо, во 11:00 часот.

Кликнете тука, за да резервирате денеска, термин за вакцинација.

Викторија

Викторија забележа 334 нови, локално-стекнати случаи, од кои 149 се поврзани со познати епидемии. Едно лице почина од вирусот.

Дваесет транспортни услуги на V/Line services  се прекинати откако машиновозач кој патуваше од станицата Southern Cross до Гипсланд, се покажа позитивен на КОВИД-19. Се очекува прекините да се прошират на околу 100 транспортни услуги.

Најдете центар за вакцинација во Ваша близина.

Територија на главниот град на Австралија

Територијата на главниот град на Австралија, регистрираше 24 нови, локално- стекнати случаи, од кои најмалку шест присутни во заедницата, додека биле заразени.

Властите ги покануваат луѓето да ги пренесат своите постоечки резервации за вакцинација, преку системот  MyDHR system , каде што се достапни над 30.000 дополнителни термини.

Кликнете овде, за да резервирате термин за вакцинација.

Последните 24 часа низ Австралија

Квинсленд забележа еден нов, локално-стекнат случај, кај тинејџер кој го посетува колеџот St Thomas More College, во населбата Санибанк, во Бризбејн.

 

Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:

NSW Travel & transport and Quarantine
VIC Travel permitOverseas travellers and Quarantine
ACT Transport and Quarantine
NT Travel and Quarantine
QLD Travel and Quarantine
SA Travel and Quarantine
TAS Travel and Quarantine
WA Travel and Quarantine

 

Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на Smart Traveller.

Вести и информации на над 60 јазици на sbs.com.au/coronavirus

Релевантни упатства за Вашата држава или територија: NSW, VictoriaQueenslandWestern AustraliaSouth AustraliaNorthern TerritoryACTTasmania.

Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик COVID-19 vaccine in your language

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

COVID-19 Vaccination Glossary
Appointment Reminder Tool.

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

NSW 
Victoria 
Queensland
South Australia 
ACT 
Western Australia 
Tasmania
Northern Territory 

Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:

NSW 
Victoria 
Queensland 
South Australia 
ACT 
Western Australia 
Tasmania
Northern Territory

Посетете ја страницата на  SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.