Coming Up Wed 12:00 PM  AEDT
Coming Up Live in 
Live
Macedonian radio

Најнови информации за КОВИД-19: Над 70 проценти од Австралијците на возраст од над 16 години се целосно вакцинирани

Health Minister Greg Hunt (left) and Chief Medical Officer Paul Kelly during a press conference at Parliament House in Canberra, Wednesday, October 20, 2021. Source: AAP Image/Lukas Coch

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 20 октомври 2021 година

 

  • Викторија ги олеснува ограничувањата на границата со Нов Јужен Велс
  • Нов Јужен Велс треба да продолжи со итна изборна хирургија
  • Територијата на главниот град на Австралија евидентира 24 нови случаи во заедницата

Викторија

Викторија забележа 1,841 нови, локално стекнати случаи, со што вкупниот број активни случаи достигна 22,598. Дванаесет луѓе починаа од вирусот.

Од денеска, целосно вакцинираните луѓе кои патуваат во Викторија, нема да имаат потреба од карантин при пристигнувањето.

На патниците од пошироката околина на Сиднеј, вклучувајќи ги Blue Mountains, Central Coast, Shellharbour и Wollongong, сепак ќе им треба дозвола за т.н “портокалова зона”, за да влезат во Викторија.

Луѓето кои не се целосно вакцинирани ќе мора да се изолираат при пристигнувањето, да се тестираат во рок од 72 часа и да останат во изолација, додека не добијат негативен резултат.

Најдете центар за вакцинација во Ваша близина.

Нов Јужен Велс

Нов Јужен Велс регистрираше 283 нови локално стекнати случаи и 7 смртни случаи.

Неитната, изборна хирургија ќе продолжи во Сиднеј и пошироката околина, почнувајќи од следната недела, по двомесечна пауза за време на екот на неодамнешната појава на КОВИД-19 во државата.

Од понеделник, операциите ќе бидат ограничени со капацитет од 75 проценти во јавните и приватните објекти во рамките на Сиднеј и пошироката околина, вклучувајќи го и регионот Nepean Blue Mountains.

Кликнете тука за да резервирате термин за вакцина.

Последните 24 часа низ Австралија

  • Територијата на главниот град на Австралија ACT, најави задолжителна вакцинација за вработените во секторот за поддршка на лица со попреченост, како и во секторот за нега на стари лица во домашни услови и во заедницата, во Канбера.
  • Федералниот министер за здравство, Грег Хант, рече дека Австралија достигнала клучна пресвртница во националниот план за повторно отворање, бидејќи над 70 проценти од сите на возраст од над 16 години се целосно вакцинирани.

 

 

Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:

NSW Travel & transport and Quarantine
VIC Travel permitOverseas travellers and Quarantine
ACT Transport and Quarantine
NT Travel and Quarantine
QLD Travel and Quarantine
SA Travel and Quarantine
TAS Travel and Quarantine
WA Travel and Quarantine

 

Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на Smart Traveller.

Вести и информации на над 60 јазици на sbs.com.au/coronavirus

Релевантни упатства за Вашата држава или територија: NSW, VictoriaQueenslandWestern AustraliaSouth AustraliaNorthern TerritoryACTTasmania.

Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик COVID-19 vaccine in your language

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

COVID-19 Vaccination Glossary
Appointment Reminder Tool.

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

NSW 
Victoria 
Queensland
South Australia 
ACT 
Western Australia 
Tasmania
Northern Territory 

Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:

NSW 
Victoria 
Queensland 
South Australia 
ACT 
Western Australia 
Tasmania
Northern Territory

Посетете ја страницата на  SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.

This story is also available in other languages.