Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 1 август 2021 година.
- Властите во Нов Јужен Велс притискаат кон стапка на вакцинација од 80 проценти.
- Вкупниот број случаи од типот Делта во Квинсленд е 18.
- Четирите нови случаи на Викторија се поврзани со постоечките епидемии.
- Над четириесет проценти од Австралијците над 16 години, ја примиле првата вакцина против КОВИД-19.
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс регистрира 239 нови, локално стекнати случаи, од кои најмалку 61 лице, биле биле активни во заедницата за време на целиот или барем дел од периодот на инкубација. Повеќе од половина од новите случаи имаат непознат извор на инфекција.
Др. Џереми Меканолти од NSW Health ,вели дека од 54 лица на интензивна нега, 49 не биле вакцинирани.
Премиерката Гладис Береџиклијан, потврди дека државната влада ќе усвои националната цел на кабинетот, за 70 до 80 проценти вакцинацинација кај возрасната популација.
Најдете ја тука листата на клиники за вакцинација
Квинсленд
Квинсленд регистрираше девет нови, локално стекнати случаи, што е најголем број случаи во заедницата во текот на една година.
Главниот здравствен службеник во Квинсленд, др. Џeнет Јанг, вели дека „случаите брзо ескалираат“ и ги повикува членовите на заедницата да се тестираат.
Единаесет области на локалната самоуправа во Југоисточен Квинсленд, се под тридневно заклучување, и сега се сметаат за национални жаришта, квалификувани за финансиска помош.
Најдете ја тука листата на локации на изложеност.
Последните 24 часа низ Австралија
Викторија регистрираше четири нови, локално стекнати случаи, сите поврзани со постоечки епидемии и сите во карантин, додека биле заразни.
Новите бројки покажуваат дека повеќе од четириесет проценти од Австралијците над 16 години, сега ја примиле барем својата прва доза на вакцината против КОВИД-19.
Како функционира „социјалниот балон за самци“ за жителите на Сиднеј?
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
NSW Travel & transport and Quarantine
VIC Travel permit, Overseas travellers and Quarantine
ACT Transport and Quarantine
NT Travel and Quarantine
QLD Travel and Quarantine
SA Travel and Quarantine
TAS Travel and Quarantine
WA Travel and Quarantine
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на Smart Traveller.
Вести и информации на над 60 јазици на sbs.com.au/coronavirus
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: NSW, Victoria, Queensland, Western Australia, South Australia, Northern Territory, ACT, Tasmania.
Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик COVID-19 vaccine in your language
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
COVID-19 Vaccination Glossary
Appointment Reminder Tool.
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
NSW
Victoria
Queensland
South Australia
ACT
Western Australia
Tasmania
Northern Territory
Посетете ја страницата на SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија