Coming Up Wed 12:00 PM  AEDT
Coming Up Live in 
Live
Macedonian radio

Најнови информации за КОВИД-19: Рекорден број случаи и построги ограничувања во Нов Јужен Велс

A near empty Market Street is seen in the central business district in Sydney. Source: AAP Image/Mick Tsikas

Ова се најновите информации за Коронавирусот во Австралија, за 29 јули 2021 година.

 

  • Нов Јужен Велс бележи највисок, дневен број случаи од почетокот на пандемијата.
  • Викторија сè уште истражува еден случај на коронавирус неповрзан со постоечките кластери.
  • Јужна Австралија регистрира два нови случаи.
  • Уште една недела на задолжителни маски за жителите на Квинсленд.

 

Нов Јужен Велс

Нов Јужен Велс забележа 239 нови, локални случаи на коронавирус, како и два смртни случаи - жена во деведесеттите и маж во осумдесеттите години, двајцата од југозападен Сиднеј. Изворот на инфекција на 126 случаи е под истрага и само 81 заразено лице биле во изолација за целиот заразен период.

Премиерката Гладис Бериџклиан рече дека на жителите во осумте области на локалната самоуправа, што се предмет на најголема грижа: Ферфилд, Кантербери-Бенкстаун, Ливерпул, Камберленд, Блектаун, Парамата, Кемпбелтаун и Џорџес Ривер, нема да им биде дозволено да патуваат повеќе од пет километри од дома.

Исто така низ Нов Јужен Велс казните за неносење маска се зголемија од 200 на 500 долари. Од утре на полицијата ќе им биде дадена моќ да ги затворат деловните субјекти кои повеќекратно ги кршат правилата.

Најдете овде изменетите правила и ограничувања за КОВИД-19.

Викторија

Државата забележа шест нови, локално-стекнати случаи, при што сите се поврзани со моментални кластери на варијантата Делта, и биле во изолација додека биле заразни.

Здравствените власти се уште се обидуваат да го пронајдат изворот на мистериозниот случај пронајден вчера.

Пронајдете ги овде изменетите безбедни мерки за КОВИД.

Последни 24 часа низ Австралија

Јужна Австралија бележи два нови локално стекнати случаи, обајцата во карантин, додека биле заразни.

Жителите во 11 области на локалната самоуправа низ југоисточен Квинсленд, ќе треба да носат маски уште една недела.

Варијанта Делта, безбедност и ефикасност на вакцините: Објаснува експерт за заразни болести

Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:

NSW Travel & transport and Quarantine
VIC Travel permitOverseas travellers and Quarantine
ACT Transport and Quarantine
NT Travel and Quarantine
QLD Travel and Quarantine
SA Travel and Quarantine
TAS Travel and Quarantine
WA Travel and Quarantine

 

Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на Smart Traveller.

Вести и информации на над 60 јазици на sbs.com.au/coronavirus

Релевантни упатства за Вашата држава или територија: NSW, VictoriaQueenslandWestern AustraliaSouth AustraliaNorthern TerritoryACTTasmania.

Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик COVID-19 vaccine in your language

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

COVID-19 Vaccination Glossary
Appointment Reminder Tool.

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

NSW 
Victoria 
Queensland
South Australia 
ACT 
Western Australia 
Tasmania
Northern Territory 

Посетете ја страницата на SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија