Coming Up Thu 12:00 PM  AEDT
Coming Up Live in 
Live
Macedonian radio

Најнови информации за КОВИД-19: „Значаен“ неуспех на патот на повторното отворање на Викторија, Квинсленд повторно ги воведе ограничувањата за КОВИД

People are seen exercising along Southbank in Melbourne, Thursday, September 30, 2021. Source: AAP Image/Daniel Pockett

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 30 септември 2021 година

 

  • Викторија ја надмина целта за вакцинација од 80 проценти со прва доза
  • Нов Јужен Велс ќе отвори училишта една недела пред предвиденото
  • Територијата на главниот град на Австралија треба од полноќ да ги ублажи ограничувањата
  • Квинсленд евидентира шест нови случаи стекнати локално

Викторија

Викторија забележа 1.438 нови, локално стекнати случаи, од кои над 500 се поврзани со собири во врска со големото фудбалско финале за време на викендот. Пет лица починаа.

Командирот на Викторија за КОВИД-19, Јерун Вајмар, го опиша денешниот скок како „значаен“ неуспех во планот за повторно отворање на државата.

Премиерот Даниел Ендрјус, рече дека интервалот помеѓу првата и втората доза на вакцината “Фајзер” ќе се намали од шест на три недели, бидејќи државата ќе има доволно вакцини за да ја поддржи промената од следниот месец.

Најдете центар за вакцинација во Ваша близина.

Нов Јужен Велс

Нов Јужен Велс регистрираше 941 нови, локално стекнати случаи, како и шест смртни случаи.

Премиерот Гладис Береџиклијан, потврди дека децата од градинка, учениците од 1 година и 12 година можат да се вратат во училницата од 18 октомври, една недела порано отколку што беше планирано.

Сите други ученици ќе бидат интегрирани назад во училишните, во текот на следните две недели, на 25 октомври и 1 ноември.

Кликнете тука за да резервирате денеска термин за вакцинација.

Територијата на главниот град на Австралија

Во територијата се регистрирани 31 нов, локално стекнат случај.

Од петок, 1 октомври на полноќ, некои ограничувања ќе бидат олеснети, со продолжување на времето за рекреација на отворено, повторно отворање на националните паркови, дополнителни надоместоци за некои малопродажни бизниси и друго.

Жителите на возраст над 60 години сега ги исполнуваат условите за вакцина “Фајзер”.

Кликнете овде за да ја резервирате Вашата вакцинација против КОВИД-19.

Последните 24 часа низ Австралија

  • Областите на локалната самоуправа Бризбејн, Голд Коуст, Логан, Моретон Беј, Таунсвил и Палм Ајленд, ќе влезат во ограничувања од втора фаза, почнувајќи од четврток, 30 септември, во 16 часот.
  • Федералната влада откри дека исплатите за катастрофа КОВИД-19 за работниците кои ја загубиле работата, како и исплатата на деловна поддршка на бизнисите, ќе престанат, откако 80 проценти од населението ќе биде целосно вакцинирано.

 

Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:

NSW Travel & transport and Quarantine
VIC Travel permitOverseas travellers and Quarantine
ACT Transport and Quarantine
NT Travel and Quarantine
QLD Travel and Quarantine
SA Travel and Quarantine
TAS Travel and Quarantine
WA Travel and Quarantine

 

Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на Smart Traveller.

Вести и информации на над 60 јазици на sbs.com.au/coronavirus

Релевантни упатства за Вашата држава или територија: NSW, VictoriaQueenslandWestern AustraliaSouth AustraliaNorthern TerritoryACTTasmania.

Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик COVID-19 vaccine in your language

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

COVID-19 Vaccination Glossary
Appointment Reminder Tool.

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

NSW 
Victoria 
Queensland
South Australia 
ACT 
Western Australia 
Tasmania
Northern Territory 

Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:

NSW 
Victoria 
Queensland 
South Australia 
ACT 
Western Australia 
Tasmania
Northern Territory

Посетете ја страницата на  SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.