Coming Up Thu 12:00 PM  AEST
Coming Up Live in 
Live
Macedonian radio

Најнови информации за Ковид-19: Државите се подготвуваат за пораст на бројот на случаи додека учениците се враќаат во училниците

Students in Victoria return to school on Monday amid Omicron. Source: AAP

Ова се најновите информации во врска со Ковид-19 за 31 јануари:

Бројот на случаи се очекува да се зголеми во текот на следните недели бидејќи милиони ученици се враќаат во училниците низ целата земја.

Родителите во Нов Јужен Велс треба да добијат ваучер од 500 долари за секое дете во основно училиште, како помош за покривање на трошоците за грижа, пред и после училиште, бидејќи учениците се враќаат во училниците оваа недела.

Повеќе од 50.000 прочистувачи на воздух се доставени во училиштата во Викторија, како и 300 платнени едра за сенка, за да им се овозможи на наставниците да држат настава на отворено.

Во Квинсленд, кога учениците ќе се вратат во училниците, маските ќе бидат задолжителни во средните училишта, големите собири ќе бидат одложени, а ќе се воведе процедура за брзи антигенски тестови (RATs) за болните ученици и наставниците.

Во Западна Австралија денеска започнува исклучување на невакцинираните луѓе. Доказ за вакцинација со двојна доза ќе биде потребен за угостителски места, посети во државни и приватни болници и установи за нега на стари лица, како и во затворени места за забава.

Владата на Нов Јужен Велс, во текот на викендот, претстави пакет за економска поддршка од 1 милијарда долари за малите и средни бизниси, вклучувајќи паушална исплата на бизнисите кои ги исполнуваат условите за 20 отсто од неделниот платен список, до максимум 5,000 долари неделно.

Поинфективната варијанта Омикрон, што пристигна од Јужна Африка минатиот месец, наскоро може да биде доминантна во Австралија, предупредуваат здравствените власти, но сепак е рано да се каже дали се работи за потежок вид.

Ковид-19 статистика:

Нов Јужен Велс објави 2.779 пациенти во болница,185 од нив се на интензивна нега, 27 нови смртни случаи и 13.026 нови случаи на СОВИД-19.

Во Викторија, 873 лица се хоспитализирани, а 102 се на интензивна нега. Имаше 8 смртни случаи и 10.053 нови инфекции.

Тасманија забележа 504 нови случаи на коронавирус, најниска дневна бројка на државата од почетокот на јануари, а нема смртни случаи.

За мерките кои моментално се во сила како одговор на пандемијата Ковид-19 на вашиот јазик, стиснете на овој линк  here.

Повеќе држави имаат поставено формулари за регистрација на брзи антигенски тестови (RAT).

Изолација и ограничувања во секоја држава

Find out what you can and can't do in your state or territory

Патување

Information for international travellers and Covid-19 and travel information in language

Финансиска помош

Има измени во исплатите за катастрофа од Ковид-19 кога една држава ќе достигне 70 или 80 проценти целосно вакцинирано население: Getting help during Covid-19 from Services Australia in language

Вести и информации на повеќе од 60 јазици на sbs.com.au/coronavirus

Релевантни упатства за вашата држава или територија: NSW, VictoriaQueenslandWestern AustraliaSouth AustraliaNorthern TerritoryACTTasmania.   

Информации за вакцината против  Ковид-19 на вашиот јазик  COVID-19 vaccine in your language.

Посетете ги преведените ресурси објавени од NSW Multicultural Health Communication Service

COVID-19 Vaccination Glossary
Appointment Reminder Tool.

 

Клиники за тестирање во секоја држава и територија

NSW 
Victoria 
Queensland 
South Australia 
ACT 
Western Australia 
Tasmania
Northern Territory

 

This story is also available in other languages.