Coming Up Fri 12:00 PM  AEDT
Coming Up Live in 
Live
Macedonian radio

Најнови информации за КОВИД-19: Бројот на случаите во Викторија скокна на над 2000, додека Нов Јужен Велс се подготвува за дополнителни олеснувања

Having surpassed the 70 per cent double-dose vaccination milestone, visitors are seen at the reopening of the Sea Life Aquarium at Darling Harbour in Sydney. Source: AAP Image/DAN HIMBRECHTS

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 14 октомври 2021 година

 

  • Викторијанскиот биланс на дневни случаи го надмина бројот од 2000
  • Нов Јужен Велс најавува дополнителни повратоци за бизнисите
  • Управата за терапевтски добра и услуги - TGA, ја разгледа вакцинацијата против корона за деца на возраст меѓу пет и 11 години

Викторија

Викторија регистрираше 2.297 нови, локално стекнати инфекции со КОВИД-19, како и 11 смртни случаи. 90 проценти од хоспитализираните не биле целосно вакцинирани.

Премиерот Даниел Ендрјус, рече дека бројките на случаи ќе станат помалку релевантни откако државата ќе достигне двојна вакцинација од 70 проценти.

Таа цел може да ја достигне пред индикативниот датум, 26 октомври, потенцијално ставајќи крај на долгогото, шесто заклучување на Мелбурн.

Премиерот исто така рече дека еднонеделниот тренд не е доволен за да се каже дали тие го достигнале врвот или не.

Кликнете тука за да резервирате термин за вакцина.

Нов Јужен Велс

Нов Јужен Велс забележа 406 нови, локално стекнати случаи и шест смртни случаи.

Државата објави два дополнителни ваучери Dine and Discover кои важат до јуни 2022 година. Дополнителни 66 милиони долари се наменети за поттикнување на јадење под отворено небо.

„Сакаме нашите бизниси да бидат слободни и да просперираат“, рече премиерот Доминик Перотет.

91,1 проценти од жителите на Нов Јужен Велс на возраст од над 16 години, ја примиле својата прва доза од вакцината, додека и 76,5 проценти се целосно вакцинирани.

Најдете центар за вакцинација во Ваша близина.

Територија на главниот град на Австралија

Територијата на главниот град на Австралија регистрираше 46 нови случаи, од кои 30 се поврзани со познати случаи.

Кликнете тука за денеска да резервирате термин за вакцина.

Последните 24 часа низ Австралија

  • Квинсленд не регистрираше случаи со КОВИД-19.
  • Националната стапка на вакцинација меѓу луѓето од Првите нации останува ниска. Околу 57,5 проценти од население од заедницата со право на вакцина, ја примило првата доза, а нешто повеќе од 42 проценти се целосно вакцинирани.
  • Сојузниот министер за здравство Грег Хант, рече дека вакцината за деца на возраст од 5 до 11 години ќе треба да биде одобрена и од Управата за терапевтски добра и услуги, како и Советодавното тело за вакцини, АТАГИ- ATAGI.

 

Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:

NSW Travel & transport and Quarantine
VIC Travel permitOverseas travellers and Quarantine
ACT Transport and Quarantine
NT Travel and Quarantine
QLD Travel and Quarantine
SA Travel and Quarantine
TAS Travel and Quarantine
WA Travel and Quarantine

 

Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на Smart Traveller.

Вести и информации на над 60 јазици на sbs.com.au/coronavirus

Релевантни упатства за Вашата држава или територија: NSW, VictoriaQueenslandWestern AustraliaSouth AustraliaNorthern TerritoryACTTasmania.

Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик COVID-19 vaccine in your language

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

COVID-19 Vaccination Glossary
Appointment Reminder Tool.

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

NSW 
Victoria 
Queensland
South Australia 
ACT 
Western Australia 
Tasmania
Northern Territory 

Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:

NSW 
Victoria 
Queensland 
South Australia 
ACT 
Western Australia 
Tasmania
Northern Territory

Посетете ја страницата на  SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.