Coming Up Tue 12:00 PM  AEST
Coming Up Live in 
Live
Macedonian radio

Најнови информации за КОВИД-19: Викторија повторно во заклучување

Newcastle residents are tested at a drive through collection centre in Adamstown, Newcastle, Thursday, August 5, 2021. Source: AAP Image/Darren Pateman

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 5 август 2021 година.

  • Викторија повторно во заклучување, од вечерва во 20:00
  • Регионот Hunter Valley (НЈВ) влегува во заклучување од денеска во 17 часот
  • Сите нови случаи во Бризбејн се поврзани
  • Премиерот потврди дополнителни дози од вaкцината “Фајзер КОВИД-19” за Нов Јужен Велс

Викторија

Премиерот Даниел Ендрјус потврди дека државата ќе биде ставена во седумдневно заклучување, што ќе почне од вечерва, 5 август 2021, во 20:00.

Викторија регистрираше осум, локално стекнати случаи и ќе влезе во шестото заклучување, пo помалку од две недели, откако државата излезе од нејзиниот последно заклучување.

Нов Јужен Велс

Нов Јужен Велс регистрираше 262 нови, локално стекнати случаи и пет смртни случаи. Четворица од лицата кои починаа не беа вакцинирани, додека петтото лице примило една доза од вакцината “АстраЗенека КОВИД-19”.

Нови ограничувања се воведуваат во Newcastle, Lake Macquarie, Maitland, Port Stephens, Singleton, Dungog, Muswellbrook и Cessnock, почнувајќи од денеска, во 17 часот, па се до 13 август, во 24:00 часот.

Главната здравствена службеничка, Др. Кери Чант, ги повикува луѓето од Армидејл и Дабо да се тестираат, бидејќи се зголемија нивоата на вирусот во канализационите системи.

Властите на Нов Јужен Велс молат сите да се вакцинираат.

Најдете ја тука листата на клиники за вакцинација.

Квинсленд

Квинсленд забележа 16 нови, локално стекнати случаи, сите поврзани со постојниот кластер.

Вицепремиерот Стивен Мајлс, вели дека 12 од овие случаи во Бризбејн, биле изолирани во текот на целиот заразен период. Со 79 активни случаи, крајот на заклучувањето на 8 -ми август останува неизвесен.

Најдете ги тука информациите за вакцината за КОВИД-19 на македонски јазик.

Последните 24 часа низ Австралија

  • Викторија забележа шест нови, локално стекнати случаи, меѓу кои е и наставничка во Мелбурн, којашто можеби била во заедницата, додека била заразна. Нејзиниот случај е под истрага.
  • Премиерот Скот Морисон потврди дека во неделата на 16-ти август, Нов Јужен Велс ќе добие дополнителни 180.000 дози на вакцината “Фајзер КОВИД-19”.

Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:

NSW Travel & transport and Quarantine
VIC Travel permitOverseas travellers and Quarantine
ACT Transport and Quarantine
NT Travel and Quarantine
QLD Travel and Quarantine
SA Travel and Quarantine
TAS Travel and Quarantine
WA Travel and Quarantine

 

Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на Smart Traveller.

Вести и информации на над 60 јазици на sbs.com.au/coronavirus

Релевантни упатства за Вашата држава или територија: NSW, VictoriaQueenslandWestern AustraliaSouth AustraliaNorthern TerritoryACTTasmania.

Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик COVID-19 vaccine in your language

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

COVID-19 Vaccination Glossary
Appointment Reminder Tool.

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

NSW 
Victoria 
Queensland
South Australia 
ACT 
Western Australia 
Tasmania
Northern Territory 

Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:

NSW 
Victoria 
Queensland 
South Australia 
ACT 
Western Australia 
Tasmania
Northern Territory

Посетете ја страницата на SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија