Coming Up Mon 12:00 PM  AEST
Coming Up Live in 
Live
Macedonian radio

Најнови информации за КОВИД-19: Викторија се подготвува за понатамошно олеснување на ограничувањата

Melbourne's CBD is seen from the banks of Williamstown. Source: AAP

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 29 октомври 2021 година

 

  • Жителите на Викторија чекаат олеснување на ограничувањата што треба да стапи на сила денеска
  • Властите во Нов Јужен Велс ги повикуваат жителите да ја прослават "Ноќта на вештерките" на безбеден начин во однос на КОВИД
  • Викторија да ги заостри правилата околу медицинските исклучоци од вакцинацијата за КОВИД-19

Викторија

Викторија регистрираше 1.656 нови, локално стекнати случаи на КОВИД-19 и 10 смртни случаи, додека државата се подготвува за понатамошни олеснување на ограничувањата, во 18 часот вечерва.

Малопродажбата од несуштински карактер, ќе се отвори повторно, за прв пат по неколку недели, а ќе се зголеми и доволениот капацитет за рестораните, пабовите и кафулињата.

Забраната за патување меѓу Мелбурн и регионалната Викторија ќе заврши, овозможувајќи неограничено движење низ Викторија, при што се очекува за време на претстојниот, долг викенд, за “Купот во Мелбурн”, жителите на метрополата да ги посетат регионалните делови.

Маските повеќе нема да бидат неопходни на отворено, но сепак ќе бидат потребни во затворени простории.

Кликнете тука за денеска да го резервирате Вашиот термин за вакцина.

Нов Јужен Велс

Нов Јужен Велс забележа 268 нови, локално стекнати случаи и две смртни случаи.

Од луѓето се бара да ја прослават “Ноќта на вештерките” овој викенд на безбеден начин во однос на  Ковид, прославувајќи на отворено, подарувајќи слатки задоволства во затворена амбалажа и размислувајќи за алтернативни начини на подарување на истите.

Најдете центар за вакцинација во Ваша близина.

Последните 24 часа низ Австралија

Територијата на главниот град на Австралија забележа 10 нови случаи, со што вкупниот број на активни случаи се искачи на 234.

Новите податоци од Австралиското биро за статистика покажуваат дека луѓето родени во странство, имале стандардизирана стапка на смртност од Ковид-19 од 4,2 смртни случаи на 100.000 луѓе, во споредба со една од 2,0 за оние родени локално.

Викторија ќе ги заостри правилата околу медицинските исклучоци од вакцинацијата за  КОВИД-19, откако луѓето беа фатени дека менуваат различни лекари за таа цел.

 

Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:

NSW Travel & transport and Quarantine
VIC Travel permitOverseas travellers and Quarantine
ACT Transport and Quarantine
NT Travel and Quarantine
QLD Travel and Quarantine
SA Travel and Quarantine
TAS Travel and Quarantine
WA Travel and Quarantine

 

Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на Smart Traveller.

Вести и информации на над 60 јазици на sbs.com.au/coronavirus

Релевантни упатства за Вашата држава или територија: NSW, VictoriaQueenslandWestern AustraliaSouth AustraliaNorthern TerritoryACTTasmania.

Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик COVID-19 vaccine in your language

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

COVID-19 Vaccination Glossary
Appointment Reminder Tool.

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

NSW 
Victoria 
Queensland
South Australia 
ACT 
Western Australia 
Tasmania
Northern Territory 

Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:

NSW 
Victoria 
Queensland 
South Australia 
ACT 
Western Australia 
Tasmania
Northern Territory

Посетете ја страницата на  SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.

This story is also available in other languages.