Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 13 октомври 2021 година
- Викторија го забележа својот најсмртоносен ден во најновата појава на КОВИД-19
- Нов Јужен Велс на пат да достигне 80 проценти целосно вакцинирани до овој викенд
- Стотици локации за изложеност наведени во Територијата на главниот град на Австралија
Викторија
Викторија регистрираше 1.571 нов, локален случај со КОВИД-19, како и 13 смртни случаи,
Изборната хирургија е во мирување, a детска болница the Royal Children's Hospital во Мелбурн воведува тестирање за брз антиген за посетителите во болницата, откако потенцијално заразен родител го посети одделот за интензивна нега на новороденчиња.
Државниот министер за здравство Мартин Фоли, рече дека Mitchell Shire, во регионот Хјум, ќе излезе од заклучување од вечерва.
Кликнете тука за денеска да резервирате термин за вакцинација.
Нов Јужен Велс
Нов Јужен Велс регистрираше 444 нови, локални случаи на КОВИД-19, како и четири смртни случаи.
До недела Државата може да достигне пресвртница од 80 проценти целосно вакцинирани жители.
Премиерот Доминик Перотет, навести промена на патоказот, откако утре неговиот кабинет ќе се состане за да разговара за олеснување на ограничувањата од следната недела. Објавата за тоа може да се очекува во петок.
Нешто повеќе од 75,2 проценти од жителите над 16 години се целосно вакцинирани, а над 90 проценти имале барем една доза.
Најдете центар за вакцинација во Ваша близина.
Територија на главниот град на Австралија
Во Територијата на главниот град на Австралија се регистрирани 51 нов случај со КОВИД-19. Од 16 пациенти во болница, осумина се на интензивна нега, од кои петмина имаат потреба од кислородна поддршка.
Сега има над 370 тековни локации за изложеност на вирусот и од жителите на Канбера се бара да бидат во тек со новите локации преку веб-страницата ACT COVID-19 website
Последните 24 часа низ Австралија
- Викторија регрутира до 1000 здравствени работници надвор од Австралија, за да му помогнат на системот да се справи со растот на пациентите со коронавирус.
- Канбера е на пат да стане еден од највакцинираните градови во светот, со стапка од двојна доза од 99 проценти што треба да се постигне до крајот на ноември.
Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи
Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:
NSW Travel & transport and Quarantine
VIC Travel permit, Overseas travellers and Quarantine
ACT Transport and Quarantine
NT Travel and Quarantine
QLD Travel and Quarantine
SA Travel and Quarantine
TAS Travel and Quarantine
WA Travel and Quarantine
Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на Smart Traveller.
Вести и информации на над 60 јазици на sbs.com.au/coronavirus
Релевантни упатства за Вашата држава или територија: NSW, Victoria, Queensland, Western Australia, South Australia, Northern Territory, ACT, Tasmania.
Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик COVID-19 vaccine in your language
NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:
COVID-19 Vaccination Glossary
Appointment Reminder Tool.
Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија
NSW
Victoria
Queensland
South Australia
ACT
Western Australia
Tasmania
Northern Territory
Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:
NSW
Victoria
Queensland
South Australia
ACT
Western Australia
Tasmania
Northern Territory
Посетете ја страницата на SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.