Coming Up Wed 12:00 PM  AEDT
Coming Up Live in 
Live
Macedonian radio

Најнови информации за КОВИД-19: Викторија повторно ќе ги отвори градилиштата, Територијата на главниот град на Австралија со рекорден број случаи

Victoria announces vaccine mandate for authorised workers Source: AAP Image/Lukas Coch

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 1 октобер 2021 година

 

  • Викторија најави задолжителна вакцинација за овластени работници
  • Бизнисите од Нов Јужен Велс ќе имаат континуиран пристап до финансиска поддршка
  • Квинсленд забележа два нови случаи добиени локално

 

Викторија

Викторија забележа 1,143 нови, локално стекнати случаи и три смртни случаи.

Од сите овластени работници ќе се бара до 15 октомври, да бидат вакцинирани со прва доза на вакцина против КОВИД, за да продолжат да работат на лице место. Тие ќе треба целосно да се вакцинираат најдоцна до 26 ноември.

Од вторник, 5 октомври, градилиштата можат да се отворат, со капацитет до 25 проценти, но работниците мора да ја имаат примено барем првата доза од вакцината.

Локалната самоуправа Мурабул од полноќ ќе влезе во седумдневно заклучување.

Најдете центар за вакцинација во Ваша близина.

Нов Јужен Велс

Нов Јужен Велс регистрираше 864 нови, локално стекнати случаи и 15 смртни случаи.

Благајникот Доминик Пероте, ги увери бизниси со право на помош, дека финансиската поддршка ќе продолжи до 30 ноември, под услов да исполнуваат одредени критериуми.

грантовите за малите бизниси - оние со промет помал од 75.000 долари, ќе продолжат но ќе ббидат преполовени на 750 долари неделно.

Скратената верзија на програмата JobSaver, исто така, ќе остане достапна за бизнисите што загубиле повеќе од 30 проценти од својот промет.

Кликнете тука за да резервирате денеска термин за вакцинација.

Територија на главниот град на Австралија

Територијата регистрираше 53 нови, локално стекнати случаи и два смртни случаи.

Главниот министер Ендрју Бар, рече дека 40 проценти од жителите на Канбера со право на вакцина, се уште не се целосно вакцинирани и дека тие се претежно помлади од 40 години.

Кликнете овде за да ја резервирате Вашата вакцинација против КОВИД-19.

Последните 24 часа низ Австралија

Фрагменти од вирусот се откриени во примероци од канализација, во индустриските области Беримах, Винели и Ист Арм во Дарвин.

 

 

This story is also available in other languages.