Coming Up Fri 12:00 PM  AEST
Coming Up Live in 
Live
Macedonian radio

Најнови информации за КОВИД-19: Викторија ќе воведе брзи тестови за антигени

Victorian Health Minister Martin Foley (left) and Victorian COVID-19 Commander Jeroen Weimar in Melbourne, Wednesday, October 6, 2021. Source: AAP/James Ross

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 6 октомври 2021 година.

 

  • Викторија ќе купи 2,2 милиони брзи тестови за антигени
  • Нов Јужен Велс воспоставува нова деловна поддршка за финансиски тешкотии
  • Над 66 проценти од жителите на Канбера на возарст од над 12 се целосно вакцинирани
  • Нема нови, локално стекнати случаи во Квинсленд

Викторија

Викторија регистрираше 1.420 нови, локално стекнати случаи. Единаесет луѓе починаа, со што бројот на смртни случаи поврзани со КОВИД во тековната епидемија, се искачи на 68.

Владата планира да спроведе 2,2 милиони брзи, тестови за антигени низ здравствениот систем, пред да ги прошири во „особено ризични услови“, вклучувајќи училишта, служби за итни случаи и др.

Министерот за здравство, Мартин Фоли, вели дека вчера биле вакцинирани над 90.000 жители на Викторија, што претставува повеќе од половина од вакцините, доставени на национално ниво во вторникот, 5 октомври.

Најдете центар за вакцинација во Ваша близина.

Нов Јужен Велс

Нов Јужен Велс регистрираше 594 нови, локално стекнати случаи и десет смртни случаи.

Воспоставен е нов панел за оценка на потешкотии Hardship Review Panel, со цел да разгледа финансиска поддршка за бизнисите кои се соочуваат со финансиски тешкотии и кои не ги исполнуваат условите за мерки за деловна поддршка за КОВИД-19.

Панелот ќе ги оценува од случај до случај компаниите кои не ги исполниле условите за право на деловниот грант 2021 COVID-19 Business Grant, за Micro-business Grant или за исплати JobSaver.

Кликнете тука за денеска да резервирате термин за вакцина.

Територија на главниот град на Австралија

Територијата регистрираше 28 локално стекнати случаи и еден смртен случај.

Едно новороденче е позитивно тестирано во одделот за специјална нега во Centenary Hospital for Women and Children.

Во моментов има 395 активни случаи во Територијата на главниот град на Австралија.

Кликнете овде за да ја резервирате Вашата вакцинација против КОВИД-19.

Последните 24 часа низ Австралија

Премиерката Анастасија Палашчук, ги повика да се вакцинираат жителите од Ipswich, Logan, Beaudesert и the Sunshine Coast, бидејќи Бризбејн полека се приближува до стапката од 70 проценти вакцинација со првата доза.

 

Карантин, патувања, клиники за тестирање, исплати врзани за пандемски катастрофи

Карантин и барања за тестирање управуваат и спроведуваат владите на државите и териториите:

NSW Travel & transport and Quarantine
VIC Travel permitOverseas travellers and Quarantine
ACT Transport and Quarantine
NT Travel and Quarantine
QLD Travel and Quarantine
SA Travel and Quarantine
TAS Travel and Quarantine
WA Travel and Quarantine

 

Ако сакате да патувате во странство, можеби ќе можете да аплицирате преку Интернет за изземање. Кликнете овде за повеќе информации во врска со условите за напуштање на Австралија. Постојат привремени мерки за меѓународни летови кои редовно ги разгледува владата и ги ажурира на веб-страницата на Smart Traveller.

Вести и информации на над 60 јазици на sbs.com.au/coronavirus

Релевантни упатства за Вашата држава или територија: NSW, VictoriaQueenslandWestern AustraliaSouth AustraliaNorthern TerritoryACTTasmania.

Информации за вакцината против КОВИД-19 на македонски јазик COVID-19 vaccine in your language

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

COVID-19 Vaccination Glossary
Appointment Reminder Tool.

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

NSW 
Victoria 
Queensland
South Australia 
ACT 
Western Australia 
Tasmania
Northern Territory 

Информации за исплати поврзани со пандемијата во секоја држава и територија:

NSW 
Victoria 
Queensland 
South Australia 
ACT 
Western Australia 
Tasmania
Northern Territory

Посетете ја страницата на  SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.

This story is also available in other languages.