Coming Up Tue 12:00 PM  AEST
Coming Up Live in 
Live
Macedonian radio

Најнови информации за КОВИД-19: “Светската здравствена организација” предлага „приспособени“ ограничувања за варијантата на Омикрон што ја има во повеќе земји

WHO director-general Tedros Adhanom Ghebreyesus says that blanket bans do not prevent the spread of Omicron variant. Source: AAP

Ова се најновите информации за Корона вирусот во Австралија, за 2 декември 2021 година

 

• Генералниот директор на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, вели дека сеопфатните забрани не го спречуваат ширењето на варијантата Омикрон, туку ставаат „тежок товар врз животите и егзистенцијата“ на луѓето. Варијантата сега достигна 23 земји.

• Упатството на Светската здравствена организација за земјите вели дека луѓето со поголем ризик од инфекција треба да го одложат патувањето.

• Нов Јужен Велс има потврден седми случај на варијанта Омикрон. Оваа личност не била во Јужна Африка и NSW Health е загрижен дека преносот можеби се случил на летот од Доха.

• Министерот за здравство на Викторија вели дека е „веројатно“ дека варијантата Омикрон е веќе во заедницата. Викторија засега нема случаи на оваа варијанта.

• Викторискиот премиер Даниел Ендрјус, вели дека сега бројот на случаи е помалку релевантен бидејќи стапките на вакцинација се повисоки.

• Премиерката на Квинсленд, Анастасија Палашеј, вели дека човекот кој вчера бил позитивен на тестот во Голд Коуст бил активен во заедницата за време на продажбата на Black Friday - “Црниот петок”.

Статистика за Ковид-19:

  • Викторија забележа 1.419 нови локално стекнати случаи и 10 смртни случаи.
  • Нов Јужен Велс забележа 271 нов случај во заедницата.
  • Територијата на главниот град на Австралија евидентира осум, а Северната територија еден нов случај.

За мерките што моментално се применуваат како одговор на пандемијата КОВИД-19 на македонски јазик, посетете ја овде.

Карантин и ограничувања во секоја држава/територија:

Дознајте што можете, а што не можете да правите во Вашата држава или територија

Патувања

Информации за меѓународни патници и Ковид-19 и информации за патувања на повеќе јазици

Финансиска помош

ма промени во плаќањето за катастрофи КОВИД-19, откако државите ќе достигнат 70 и 80 отсто целосно вакцинирани: Добијте помош за време на Ковид-19 од Services Australia на повеќе јазици

 

NSW Multicultural Health Communication Service - Мултикултурни здравствени комуникациски услуги на Нов Јужен Велс ги преведе:

COVID-19 Vaccination Glossary
Appointment Reminder Tool.

 

Клиники за тестирање во секоја австралиска држава и територија

NSW 
Victoria 
Queensland
South Australia 
ACT 
Western Australia 
Tasmania
Northern Territory 

Посетете ја страницата на  SBS на македонски на социјалната мрежа Фејсбук, за да бидете во тек со најновите информации за КОВИД-19 во Австралија.

 

This story is also available in other languages.