Бесплатната апликација на СБС радио е најдобриот начин да слушате СБС на македонски јазик, исто така и омилените подкасти на СБС, радио програми на повеќе од 60 јазици и музички станици - во секое време и на кое било место!
Користете ја апликацијата SBS Radio со нов изглед за да слушате подкасти и радио вести во живо или на барање на над 60 јазици од SBS Radio 1, 2 и SBS Arabic24. Слушајте ги нашите музички радио станици SBS PopAsia, SBS PopDesi и SBS Chill. Исто така ќе можете да ги пронајдете и сите подкасти на англиски јазик на СБС, вклучувајќи ги Eyes on Gilead и Take It Blak од NITV.
Преземете ја апликацијата SBS Radio бесплатно
Корисниците на iPhone можат да ја преземат апликацијата SBS Radio од App Store.
Корисниците на телефони со Android можат да ја преземат апликацијата SBS Radio на Google Play.
Ако веќе ја имате апликацијата SBS Radio, треба да ја обновите. Одете во App Store (корисници на iPhone) или Google Play (корисници на телефони со Android) и следете ги упатствата на екранот.
Како да ги пронајдете програмите на вашиот јазик
Кога за првпат ќе ја отворите апликацијата, изберете го јазикот што го сакате за содржини.
Јазици можете исто така да изберете ако отидете на My Audio tab. Притиснете на иконата Settings во горниот десен агол. Притиснете на ‘Language Preferences' и додајте ги јазиците што ги зборувате.
Како да правите избор во апликацијата
Избор во апликацијата можете да правите преку менито на дното на екранот.
Во Home најдете опции и нови содржини од СБС.
Иконата Радио ( Radio tab) е местото каде што можете да слушате радио во живо. На врвот, повлечете лево или десно за да ја пронајдете вашата омилена станица.
Откако ќе ја пронајдете, притиснете на "see schedule” (види го распоредот) или “see full schedule” (види го целокупниот распоред) во менито со опции од горниот десен дел за да пристапите до водичот на канали. За да пристапите до списокот со playlist, притиснете на "see full list” (види го целиот список) за да го видите името на песната и името на уметникот кој ја изведува песната.
Притиснете на иконата Podcast за да го пронајдете целиот спектар на објавени прилози на СБС.
Иконата My Audio е местото каде што можете да ги најдете вашите омилени програми и прилози што ги следите.
Следете ги вашите омилените емисии
Не пропуштајте ништо од вашите омилени програми! За да следите шоу, изберете програма или во Radio или во Podcast и притиснете “follow” (следете).
Потоа тие ќе се појават во My Audiо. Можете да ги контролирате сите ваши известувања (notifications) под Settings.
Линк со упатства како да се преземе новата апликација на англиски јазик: https://www.sbs.com.au/language/english/download-the-new-sbs-radio-app