Coming Up Mon 12:00 PM  AEDT
Coming Up Live in 
Live
Macedonian radio

Како да добиете вакцина против КОВИД-19 во Австралија?

vaccines Source: getty images.jpg

Вакцинацијата против КОВИД-19 е во тек во Австралија. Прочитајте го текстот за да дознаете кога и каде можете да се закажете за вакцинација.

“Австралиската национална стратегија за проширување на вакцините за КОВИД-19” ги ​​идентификува приоритетните популации и локациите низ целата земја, каде ќе се врши вакцинацијата. Здравствените работници во директен контакт, карантинските и граничните работници, како и жителите и вработените во Домовите за грижа за стари и лица со попреченост, се приоритетна популација во стратегијата за проширување. 

За да дознаете дали можете да се вакцинирате против КОВИД-19 и каде да се закажете за вакцинација, посетете ја https://covid-vaccine.healthdirect.gov.au/

Следете ги чекорите на оваа веб-страница за да го проверите вашето право на вакцина: https://covid-vaccine.healthdirect.gov.au/

Ако сè уште немате право на вакцина и имате над 18 години, може да побарате да бидете известени кога ќе се стекнете со тоа право.

Луѓето под 16-годишна возраст сè уште немаат право да се вакцинираат во Австралија.

Може да закажете состанок со вашиот матичен лекар и да дознате информации за вакцината на македонски јазик:

https://www.health.gov.au/initiatives-and-programs/covid-19-vaccines/covid-19-vaccine-information-in-your-language

Кои се препорачаните вакцини?

The Australian Technical Advisory Group on Immunisation [ATAGI] -Австралиската техничко-советодавна група за имунизација [ATAGI] ја препорачува вакцината "Фајзер " КОВИД -1(Comirnaty) како приоритетна вакцина за лицата под 60 годишна возраст.

Вакцината "АстраЗенека КОВИД-19", ќе биде приоритетна за лицата на возраст над 60 години. Меѓутоа, ако сте на возраст од 18 до 59 години, можете да изберете да ја примите вакцината “АстраЗенека”, откако ќе се консултирате со вашиот доктор и ќе дадете согласност.

Вакцината “Модерна” е привремено одобрена за Австралијци на возраст од над 18 години, а се очекува вакцинацијата да започне во септември.

 

Covid19 Vaccine doses
SBS

Covid19 Vaccine priority population
SBS

 

Ќе се води јавна евиденција за Вашата вакцинација

Владата мора да зачува некои информации за лицата кои се вакцинираат, за да може да води евиденција за тоа кој ја примил вакцината. Обврска на давателите на “Австралиската програма за вакцинација” е да внесат податоци за пациентот, за секоја примена вакцина КОВИД-19.

Информациите за статусот на вакцинaција за секое лице, се очекува да бидат достапни преку My Health Record, Medicare (Immunisation History Statement), или писмена потврда испечатена за време на вакцинацијата, а проследена со електронска копија, испратена преку електронска пошта.

Сите вакцини КОВИД-19 се бесплатни

Вакцините се бесплатни за сите австралиски граѓани, постојаните жители и сите носители на виза. Право на бесплатна вакцина КОВИД-19 има секој што престојува во Австралија на студентска, работна, квалификувана, семејна, партнерска, бегалска виза, барателите на азил,  носителите на виза за привремена заштита, хуманитарна, регионална, премостувачка или специјална виза.

Лицата во установите за притвор исто така имаат право на вакцина, вклучително и оние чии визи се откажани.

 

----------------------------------------------------------------------------

Информации на СБС за Коронавирусот достапни на македонски јазик

sbs.com.au/coronavirus

 

Информации на Владата во врска со Коронавирусот

Министерство за здравство - Информации за вакцини КОВИД-19 на македонски јазик

Министерство за внатрешни работи - информации за КОВИД-19 на македонски јазик

---------------------------------------------------------------------------

Луѓето во Австралија мора да останат на оддалеченост од другите лица, од најмалку 1,5 метри  

Ако имате симптоми на настинка или грип, останете дома и договорете тест