Coming Up Fri 12:00 PM  AEST
Coming Up Live in 
Live
Macedonian radio

Како да направите брз тест на антиген? Прочитајте упатства на македонски

A man holds a negative rapid antigen coronavirus test. Source: AP

Со тоа што во Австралија се преминува од ПЦР тестови за дијагностицирање на ковид-19 на самотестирање, односно брзо тестирање на антиген, СБС подготви куси упатства на македонски јазик што ќе ви помогнат при употреба на брзите (RAT) тестови.

Со цел да се дојде до веродостоен, но и брз и поефтин тест што би го открил антигенот, карактеристичен за инфекцијата, беа развиени тестови кои што се поедноставни и се прават брзо, познати како РАТ тестови, кои што луѓето може да ги однесат дома и да се самотестираат со цел да проверат дали имаат ковид-19.

Австралиските држави се повеќе ги поттикнуваат лицата со симптоми на ковид-19, како и оние кои биле во контакт со лице кое имало симптоми или било болно од ковид, да се самотестираат со помош на РАТ дома, а доколку тестот покаже позитивен резултат, истиот да го пријават кај надлежните здравствени служби.Ова е многу попрактично отколку луѓето да одат во државните клиники за да направат ПЦР тест, освен ако тоа се побара од нив.

Следете ги кусите упатства за употреба на брзиот тест на антиген.

Постапка 1- Земете примерок

RAT1
SBS

 

Постапка 2 - Извадете го примерокот

RAT2
SBS

 

Постапка 3 - Тестирање на примерокот

Rat 3
SBS
 

 

Постапка 4 - Прочитајте го резултатот

Rat 4
SBS


Ако резултатот од вашиот тест е позитивен на ковид-19, повеќето држави и територии сега наложуваат тој резултат да го пријавите во министерството за здравство во вашата јурисдикција.

За да дознаете кои рестрикции се на сила во текот на пандемијата на ковид-19, на вашиот јазик, притиснете на овој линк


Формулари за регистрација на резултатите од РАТ тестовите во државите и териториите

Изолација и рестрикции во државите и териториите:

Find out what you can and can't do in your state or territory

Патувања

Information for international travellers and Covid-19 and travel information in language

Финансиска помош

Се воведуваат промени за финансиската помош  COVID-19 Disaster Payment кога државите ќе достигнат ниво од 70% и 80% потполно вакцинирани граѓани: Getting help during Covid-19 from Services Australia in language


 


 


Посетете ги преведените ресурси објавени од NSW Multicultural Health Communication Service

COVID-19 Vaccination Glossary
Appointment Reminder Tool.


Клиники за тестирање во секоја држава и територија

NSW 
Victoria 
Queensland 
South Australia 
ACT 
Western Australia 
Tasmania
Northern Territory

Source SBS