Coming Up Mon 12:00 PM  AEST
Coming Up Live in 
Live
Macedonian radio

Што мора да знаете за КОВИД-19 на вашиот јазик

СБС е посветен на информирање со интегритет преку кое ви ги прави достапни информациите за појавата на КОВИД-19 - на вашиот јазик. Овој лист со факти ги содржи информациите што мора да ги знаат сите во заедницата

 Остани дома.  Остани безбеден.  Остани поврзан.  Спаси животи.

SBS COVID-19 State by State information, CLICK HERE

 

Финансиски потешкотии

Ако имате финансиски потешкотии, одете на www.moneysmart.gov.au или јавете се на Националната линија за помош за долгови (National Debt Helpline) на 1800 007 007.

Jobseeker and Jobkeeper исплати

Исплатите за JobKeeper ќе бидат продолжени до март 2021 година, а за JobSeeker до декември 2020 година. Во наредните месеци, владата ќе ги објави плановите за 2021 година за JobSeeker.

Износите ќе бидат намалени од крајот на септември 2020 година.

Jobseeker

- Сега: 1.115 долари
- Од септември 2020 година: 815 долари

Исто така, од крајот на септември, ќе можете да заработите 300 долари за две недели, наместо претходните 106 долари, пред тоа да  влијае на вашата исплата за JobSeeker.

Од 4 август секој што ќе добие добивка како невработен мора да се поврзе со службите за вработување и да изврши четири пребарувања за работа месечно, за да продолжи да ја прима исплатата.

Jobkeeper

Поделен на „две нивоа“, еден за полно работно време и друг за работници со скратено работно време.

- Сега: 1.500 долари
- Од септември 2020 година: 1.200 долари
- Од јануари 2021 година: 1.000 долари

Исплатите за период од две недели за вработени со скратено работно време:

- Сега: 1.500 долари
- Од септември 2020 година: 750 долари
- Од јануари 2021 година: 650 долари

Како се пренесува КОВИД-19?

КОВИД-19 се пренесува од лице на лице преку:

  • Близок контакт со некое лице додека е заразен или во рок од 24 часа пред да се појават неговите симптоми.
  • Близок контакт со лице со потврдена инфекција кое кашла или кива.

Допирање на предмети или површини (како што се рачки на вратите или маси) загадени преку кашлица или кивање од лице со потврдена инфекција, а потоа допирање на устата или лицето.

Австралиската влада им предлага на сите жители да ја преземат апликацијата COVIDSafe. Прочитај повеќе

Кои се симптомите на КОВИД-19?

Симптомите на коронавирусот може да се движат од лесна болест до пневмонија, според веб-страницата на Сојузната влада.
Симптомите на КОВИД-19 се слични на други видови на настинка и грип и вклучуваат:

  • Треска
  • Симтоми на дишните органи
  • Кашлање
  • Воспаление на грлото
  • Недостаток на здив

Другите симптоми може да вклучуваат течење на носот, главоболка, болки во мускулите или зглобовите, гадење, дијареја, повраќање, губење на чувството за мирис, изменето чувство за вкус, губење на апетит и замор.

Властите развија тест за проверка на симптоми за КОВИД-19 што можете да го користите дома: https://www.healthdirect.gov.au/symptom-checker/tool/basic-details

Што да направам ако добијам симптоми?

Ако се појават симптоми во рок од 14 дена по пристигнувањето во Австралија или во рок од 14 дена по контакт со некој кој има потврден КОВИД-19, треба да се јавите кај вашиот лекар за да закажете да ве види или да ја контактирате националната телефонска линија за здравствени информации коронавирус на 1800 020 080. Не посетувајте здравствена клиника или болница без да ги известите за симптомите.

Пред да пристигнете, јавете се во здравствената клиника или во болницата и кажете им ја вашата историја на патување или дека сте биле во контакт со потврден случај на КОВИД-19.Мора да останете изолирани во вашиот дом, во хотелот или во просториите на здравствената заштита додека јавните здравствени власти не потврдат дека е безбедно да им се вратите на вообичаените активности.

Ако сакате да разговарате со некого за вашите симптоми, јавете се на Националната телефонска линија за помош за коронавирус за совет. Телефонската линија работи 24 часа на ден, седум дена во неделата. 1800 020 080

Австралиската влада формира општи респираторни клиники низ целата земја за клинички да ги процени лицата со лесни до умерени симптоми на СОВИД-19 (треска, кашлица, скратен здив, болки во грлото или умор). Пронајдете овде дали постои општа респираторна клиника во вашата држава / територија и во близина на вашата област и како да се регистрирате за состанок.  Ако сè уште не постои во вашата област, посетете ја директната здравствена установа или веб-страницата на одделот за здравствена состојба на државата или територијата за повеќе информации за клиниките за треска и други достапни услуги. 

Ако имате тешкотии да дишите или имате итна медицинска состојба, јавете се на 000.

Дали треба да ми биде направен тест за КОВИД-19?

Австралискиот национален кабинет се согласи да ги прошири критериумите за тестирање низ Австралија за сите луѓе со лесни симптоми на KОВИД-19 за брзо идентификување на позитивни случаи.

Како се лекува вирусот?

Не постои специфичен лек за коронавируси, но повеќето од симптомите може да се третираат со помош на медицинска поддршка.Антибиотиците не се ефикасни против вируси.

Кој е најмногу изложен на сериозна болест?

Некои луѓе кои се заразени може да не се разболат воопшто, некои ќе добијат лесни симптоми од кои ќе се опорават лесно, а други може да станат многу болни, многу брзо.Од претходното искуство со други коронавируси, со најголем ризик од сериозна инфекција се:

  •     Луѓе со компромитиран имунолошки систем (на пр. kарцином)
  •     Постари лица
  •     Абориџини и домородни лица од Торес Стрејт кои имаат повисоки стапки на хронични заболувања
  •     Луѓе со хронични медицински состојби
  •     Луѓе кои споделуваат резиденцијален простор
  •     Луѓе во притворни центри
  •     Многу мали деца и бебиња *

* Во оваа фаза, ризикот за деца и бебиња и улогата што децата ја играат во пренесувањето на КОВИД-19 не е познат.Сепак, досега има ниска стапка на потврдени случаи на КОВИД-19 кај деца, во однос на пошироката популација.

Како може да помогнете во сузбивањето на КОВИД-19?

Практикувањето добра хигиена на рацете и при кивање/кашлање и одржувањето на оддалеченост од другите кога сте болни е најдобрата одбрана од повеќето вируси. Вие би требало да го практикувате следново:

  • Не напуштајте го вашиот дом освен ако не морате.
  • Одржувајте  социјално растојание од најмалку 1,5 метар и почитувајте го правилото 1 лице на 4 квадратни метри.
  • Често да ги миете рацете со сапун и вода, пред и после јадење и после одење во тоалет.
  • Покривајте ја устата кога кашлате и кивате, фрлајте ги шамивчињата со кои се бришете и користете течност врз основа на алкохол за дезинфекција на рацете
  • Ако не се чувствувате добро, избегнувајте контакт со другите (држете се на растојание од најмалку 1,5 метар од луѓето).
  • Преземете лична одговорност и останете дома колку што е можно повеќе.

Кој треба да се изолира?

Сите луѓе кои пристигнуваат во Австралија почнувајќи од полноќ на 15 март 2020 година, или оние кои мислат дека можеби биле во близок контакт со потврден случај на КОВИД-19, треба да се изолираат 14 дена.
Ако ви е поставена дијагноза КОВИД-19, мора да останете дома:

  •  не одете на јавни места како што се работа, училиште, трговски центри, центри за грижа за деца или универзитет
  •  замолете некого да ви набави храна и други потреби и да ги остави на влезната врата
  •  не пуштајте посетители внатре - само луѓето кои живеат со вас треба да бидат во вашиот дом

Што е социјално растојание?

Социјалното растојание е еден начин да се помогне во забавување на ширењето на вируси како што е COVID-19. Колку повеќе простор има помеѓу вас и другите, толку е потешко вирусот да се шири.
Социјалното растојание вклучува избегнување на допирање на предмети или површини (како рачки на вратите или маси) веќе заразени од кашлање или кивање од лице со потврден случај на СОВИД-19.

Остани дома

Националниот кабинет до сите Австралијани строго препорачува да останат дома освен за потреби како:

  • купување храна и други потребни средства;
  • медицинска или здравствена нега ако ви е потребна, вклучително и сочуствителни барања;
  • вежбање во согласност со барањата за собирање на јавни места;
  • работа или студирање ако не можете да работите или да учите од далечина;

Дали можам да посетам членови на семејството и пријатели во установи за нега на стари лица?

Како општо правило за цела Австралија, не посетувајте установи за нега на стари лица ако имате:

  • Сте се вратиле од странство во последните 14 дена.
  • Сте биле во контакт со потврден случај на КОВИД-19 во последните 14 дена.
  • Имате треска или симптоми на респираторна инфекција (на пр. кашлица, болки во грлото, проблеми со дишењето)
  • Од 1 мај мора да имаате примено вакцинира против грип, за да посетите било која установа за нега на стари лица.

Внимавајте,  државите и териториите имаат специфични регулативи во рамките на нивните надлежности, што не можат да бидат во спротивност со препораките на Националниот кабинет.

Дали треба да носам маска за лице?

Неодамнешниот пораст во пренесувањето на КОВИД-19 во заедниците во Австралија значи дека некои држави и територии сега препорачуваат или бараат употреба на маски.
Маските за лице сега е потребно или се препорачува да се носат во Викторија (во зависност од тоа каде живеете) заради повисоките стапки на пренесување на коронавирус во одредени заедници во Викторија.
Повеќе информаци на https://www.dhhs.vic.gov.au/face-coverings-1159pm-wednesday-22-july

Од луѓето во Нов Јужен Велс се бара да размислат да носат маска за лице ако живеат или работат на подрачје на жариште и каде не е можно физичко растојание.

И покрај тоа што маската за лице  може да се користи како дополнителна претпазливост, сепак мора да продолжите да:

  • останете дома ако не се чувствувате добро
  • одржувајте физичко растојание (повеќе од 1,5м) од други луѓе, кога сте надвор
  • избегнувајте големи собири и преполни простории со луѓе во затворен простор
  • одржувајте хигиена на рацете и респираторните тела

Ако околностите се менуваат во вашата држава или територија, тогаш советот за носење маски за лице може да се промени. Важно е да бидете во тек со советите во вашата локална област. Вашата државна или територијална влада ќе го обезбеди тоа.
Повеќе информации на: https://www.health.gov.au/news/health-alerts/novel-coronavirus-2019-ncov-health-alert/how-to-protect-yourself-and-others-from-coronavirus-covid-19

Патување од, до или низ Австралија.

Австралијците мора да ги избегнуваат сите несуштински патувања во домашни услови. Државите и териториите можат да применат свои ограничувања, вклучително и затворање на државните граници. 

Национални принципи за јавниот превоз

Услугите за јавен превоз се одговорност на државите и териториите, а Националниот кабинет одобрува серија начела за да помогне во управувањето со здравјето и безбедноста на работниците и патниците на мрежите за јавен превоз, вклучително и:да не патувате кога не се чувствувате добро, одржување на физичко растојание од возачите и други патници и да се избегнува плаќање во готовина. Од корисниците на јавниот превоз не се бара да носат маски, но може да го сторат тоа на доброволна основа. Повеќе информации за начелата за работа со јавен транспорт COVID-19 овде: https://www.infraststruction.gov.au/transport/files/COVID19_public_transport_principles_29052020.pdf

Меѓународни патувања

Сите патници од странство кои пристигнуваат во Австралија без оглед на националната припадност или појдовната точка, мораат да поминат во  самоизолација 14 дена во одредени објекти, пред да можат да се вратат дома.

Тие ќе бидат тестирани за коронавирус откако ќе влезат во карантин и пред да им се дозволи да заминат.

Можеби исто така ќе треба да придонесете за цената на карантинот. Овие барања ги управуваат и ги спроведуваат владите на државите и териториите:

NSW: https://www.nsw.gov.au/covid-19/travel-and-transport-advice
VIC: https://www.dhhs.vic.gov.au/information-overseas-travellers-coronavirus-disease-covid-19
ACT: https://www.covid19.act.gov.au/community/travelling-and-transport
NT: https://coronavirus.nt.gov.au/stay-safe/quarantine
QLD: https://www.qld.gov.au/health/conditions/health-alerts/coronavirus-covid-19/protect-yourself-others/quarantine
SA: https://www.covid-19.sa.gov.au/restrictions-and-responsibilities/travel-restrictions
TASMANIA:https://www.coronavirus.tas.gov.au/travellers-and-visitors
WA: https://www.wa.gov.au/organisation/department-of-the-premier-and-cabinet/covid-19-coronavirus-travel-wa

Австралиските граѓани и постојаните жители не можат да патуваат во странство заради ограничувањата на КОВИД-19.

Меѓутоа, ако сакате да ја напуштите Австралија, можеби ќе можете да аплицирате преку интернет за да добиете слобода за патување доколку спаѓате во една од следниве категории:

  •  Вашето патување е како дел од одговорот на појавата на КОВИД-19, вклучително и давање на помош
  •  Вашето патување е од суштинско значење во однос на критични индустрии и деловни активности (вклучувајќи ги и извозните и увозните индустрии)
  •  Патувате за да добиете итен медицински третман што не е достапен во Австралија
  •  Патувате на итен и неизбежен личен бизнис
  •  Сочувствителни или хуманитарни основи
  •  Вашето патување е од национален интерес. 

Транзитни центри

Правилата за патувања понекогаш се менуваат за кратко време. Ако сте решиле да се вратите во Австралија:

  • проверете ја вашата рута внимателно и останете во контакт со вашата авиокомпанија или агентот за патувања
  • следете ги официјалните соопштенија од вашите аеродроми во транзит и властите
  • контактирајте со најблиската амбасада или конзулат на државите преку кои транзитирате ако имате какви било прашања за нивните барања за влез или за излез

 www.smartraveller.gov.au за повеќе информации.

 

Како властите во Австралија се справуваат со ширењето на коронавирусот?

Премиерот го активираше Планот за одговор при итни случаи за коронавирус (КОВИД-19).

Генералниот гувернер на Австралија го продолжи периодот за итни случаи за биосигурност на луѓето за три месеци, од 17 јуни 2020 година до 17 септември 2020 година.

Одредби за потешкотии за електрична енергија, вода и општински такси ( rates )

Понуди со флексибилни опции за плаќање за сите домаќинства и малите бизниси со финансиски проблеми.

Да нема исклучување или ограничување во снабдувањето / услугите за оние со финансиски проблеми;
Одредете ги процедурите за враќање на долгот и списокот со кредитни стандарди;
Откажување од задоцнети такси и камати на долг; и
Минимизирање на планираните прекини за критични работи.

Оние што можат да продолжат да ги плаќаат своите сметки, треба да продолжат да го прават тоа - ова е клучно за да се обезбеди постојана одржливост на давателите на основни услуги.

Приспособување за некои носители на визи.

Working holiday visa holders: Ослободување од шестмесечно ограничување за работа само со еден работодавец доколку работат во критична индустрија: здравство, нега на стари лица, грижа за лица со хендикеп, грижа за деца, земјоделство и храна. Тие ќе имаат право на дополнителна виза доколку сегашната виза им истекува во наредните шест месеци.

Seasonal Worker Program and Pacific Labour Scheme participants: Ќе можат да ги продолжат своите визи до една година.

Temporary Skilled visa holders: За привремените носители на визи спонзорирани од работодавачи, како што се поткласата 457 и 482, кои ја изгубиле работата, тие имаат 60 дена да најдат друг спонзор или да ја напуштат Австралија.

Ако тие биле избркани, но не отпуштени или им се намалиле нивните работни часови тоа нема да се смета за повреда на нивната визна состојба. Тие можат да имаат пристапат до 10,000 долари од нивните фондови за пензионирање (superannuation) во оваа финансиска година.

International students:

Тие можат да останат ако сè уште имаат работа. Ако немаат работа, поддршка од семејството или заштеда, можеби ќе треба да разгледаат други можности.

На меѓународните студенти кои работат во секторот за нега на стари лица или како медицински сестри им е дозволено да работат повеќе од 20 часа неделно.
Тие можат да пристапат до нивните пензиски фондови (superannuation ) доколку тие биле во Австралија најмалку 12 месеци. 

Во Викторија, меѓународните студенти ќе добијат исплата до 1100 долари како дел од пакетот за поддршка за итни случаи на Владата на Викторија, кој ќе им помогне на десетици илјади луѓе низ нашата држава.

Tourists: Треба да се вратат во матичната земја, особено оние без поддршка од семејството.

Mental health support/Поддршка за ментално здравје

  • Владата додаде 10 сесии за субвенционирана медицинска терапија преку Medicare за лица подложени на дополнителни ограничувања во области погодени од вториот бран на пандемијата КОВИД-19.
  • На луѓето на кои им треба план за третман на ментално здравје можат да имаат пристап на:(https://www.healthdirect.gov.au/mental-health-care-plan) и упат од  лекари ( GP ) за да продолжат да добиваат здравствена заштита од нивниот психолог, психијатар, општ лекар или друг квалификуван здравствен работник.
  • Владиниот дигитален портал за ментално здравје на Владата, Head to Health (www.headtohealth.gov.au), е единствен извор на авторитативни информации и насоки за тоа како да се одржи доброто ментално здравје за време на пандемијата на коронавирус и во самоизолација, како да се поддржат децата и најблиските и како да пристапите до понатамошни услуги и грижа за ментално здравје.

Грижа за деца (Childcare) 

Околу еден милион семејства ќе добијат бесплатна грижа за децата за време на пандемијата на коронавирусот. Според планот, владата ќе плати 50% од приходите од надоместоци во секторот до полната сума за еден работен час, одредено време пред родителите да започнат да ги повлекуваат своите деца во голем број.


 

                                                    Владини информации        

За да дознаете како австралиската влада управува со избувнувањето на КОВИД-19, одете на Government response.

За повеќе информации на англиски јазик посетете health.gov.au/news/health-alerts/novel-coronavirus-2019-ncov-health-alert

Одделение за внатрешни работи  information for the Australian community in Macedonian.

 


 

Луѓето во Австралија мора да останат најмалку 1,5 метри од другите. 

Проверете ги ограничувањата на вашата држава за ограничувања за собирање на: https://www.sbs.com.au/language/macedonian/how-australia-s-states-and-territories-are-relaxing-coronavirus-restrictions

Доколку имате симптоми на настинка или грип, останете дома и закажете тест повикувајќи го вашиот лекар или јавете се на телефонската линија за здравствени информации за коронавирус на 1800 020 080.

Вести и информации се достапни на 63 јазици на www.sbs.com.au/coronavirus