SBS Radio App

Download the FREE SBS Radio App for a better listening experience

Advertisement
(SBS Macedonian)

Преку работилници насловени "Јазикот и писменоста се моето богатство", македонските ученици од Средното училиште во Епинг, во Мелбурн, вчера го одбележаа 24 Мај, празникот во чест на браќата св. Кирил и Методиј. Настанот го славеше значењето на солунските браќа кои ја измислија првата словенска азбука, глаголицата, а пред се беше фокусиран на значењето на македонскиот јазик, историја, култура и традиција во австралиски контекст. Инициран од наставничката по македонски јазик Гордана Јанинска, настанот ги поврза македонските ученици со пошироката македонска заедница во Викторија, преку интелектуални и лингвистички работилници.

 

 

By
Maja B.Talevska
Published on
Friday, May 24, 2019 - 15:17
File size
20.73 MB
Duration
11 min 19 sec