Претседателката на Одборот, Жаклина Михајлова која повеќе од три децении го предава македонскиот јазик, го координира и спроведувањето на новата наставна програма во етничките, државните и саботните училишта што беше изготвена од официјалното владино тело за стандарди во образованието на Нов Јужен Велс.
Со г-ѓа Михајлова разговараме и за подготвеноста на наставниот кадар во новонастанатите услови, за изработката на 280 нови лекции за часовите по македонски јазик, како и за училницата на гугл што овозможува непрекинато одржување на наставата онлајн.




