Македонците во Австралија го празнуваат 2 Август - Денот на Републиката. Ден со кој на Илинден 1903 година - со кревањето на Илинденското востание и формирањето на крушевската република а потоа и со вториот Илинден во 1944 година со одржувањето на првото заседание на АСНОМ беа поставени столбовите на македонската република и државност.

Одбележувањето на најголемиот државен празник се одржа во услови на строги мерки поради КОВИД-19 пред споменикот на апостолот на македонскта борба за слобода Гоце Делчев во дворот на црквата "Св. Ѓеорѓи и Пресвета Богородица" во Епинг, Мелбурн.
Панахида за душите на паднатите борци за слобода на Македонија одржаа Архимандрит Гаврил и Отец Климент Станковски.
Свежо цвеќе пред споменикот на Гоце Делчев положи претседателот на МПОМВ, Мирчо Ангеловски.




