Дејан Георгиевски го оствари најголемиот успех за Македонија на Олимписките игри по осамостојувањето откако го освои сребрениот медал во дисциплината таеквондо.
Младиот 22-годишен таеквондист во финалето загуби од фаворитот на игрите Владислав Ларкин од Русија со 15:9. Пред Георгиевски, олимписки медал освои и Могамед Ибрагимов во борење на ЛОИ во Сиднеј 2000 година кога се закити со бронзениот медал.

На патот до финалето, Георгиевски во еден ден забележа три победи. Најпрвин го совлада актуелниот светски првак Рафаел Алба Кастилјо од Куба, потоа го елиминира и Сајду Гбане од Брегот на Слоновата Коска а патот до финалето си го обезбеди со победата над Кјо Дон Ин од Јужна Кореја.
Дејан Георгиевски е член на таквондо клубот Бутел а досега во кариерата има освоено ѕлато и сребро на европските првенства.
Со освојувањето на сребрениот медал Дејан Георгиевски стана 11-от Македонец кој освојува медал на ЛОИ.



