Д-р Елена Спасовска: Треба да посветиме повеќе внимание на домашното насилство во македонската заедница во Австралија

Elena Spasovska PhD in Adelaide University

Elena Spasovska, PhD, in Adelaide Source: Elena Spasovska

Домашното и семејно насилство во Австралија е вознемирувачки присутно и е еден од главните фактори што предизвикува бездомност кај ранливите жени, мажи и деца. Статистиките покажуваат дека една во 4 жени (или 2.2 милиони жени) доживеале насилство од партнерот, споредено со еден во 13 мажи, а во 2019-2020, 41% од сите жртви на насилство станале бездомници.


Доктор Елена Спасовска е истражувач, предавач и поборник за родова еднаквост со интерес и експертиза во политичкото и економско зајакнување на жените и искоренување на родово засновано насилство, помеѓу другите области.

Доктор Спасовска беше дел и од организацијата на онлајн истражување за животот на македонската имигрантка во странство, со дел посветен на домашното насилство, во кое скоро 23% од испитаничките изјавиле дека доживеале семејно насилство додека сѐ уште живееле во Македонија, а 10% доживеале и во странство. Од тие што доживеале такво насилство во Македонија пријавиле само 11%, а во странство 17%.

Елена во Австралија пристигнала во 2013 година, за како вели две причини, едукативна и љубовна. Од тогаш, со својот сопруг Мајкл живееле во Сиднеј, а во моментов се во Аделаид, каде Елена работи како предавач и истражувач на Универзитетот на Јужна Австралија.


Share

Follow SBS Macedonian

Download our apps

Listen to our podcasts

Get the latest with our exclusive in-language podcasts on your favourite podcast apps.

Watch on SBS

Macedonian News

Watch it onDemand

Watch now