Coming Up Mon 12:00 PM  AEST
Coming Up Live in 
Live
Macedonian radio
СБС МАКЕДОНСКИ

Музички регистар - онлајн библиотека со илјадници македонски композиции

Macedonian band NOKAUT performing in Skopje 2018 Source: Vasil Buraliev

Дел од тимот волонтери кои со многу љубов го евидентираат секое парче музичко творештво во Македонија е и Бојан Перевски, член на популарната група "Нокаут", кој во последните шест години живее и работи во Доха, Катар.

ВБУ Музички регистар, чиј основач е Васил Буралиев, од почетоците во 2013 година има документирано илјадници македонски музички нумери од сите жанрови од над 3,000 изведувачи и бројот секојдневно се зголемува, благодарение на волонтерите кои застанаа позади овој проект.

Ова е единствен сервис од ваков вид преку кој домашната јавност, како и иселениците ширум светот, можат да пребараат и да најдат информации за музичките изданија како и да ги преслушаат омилените композиции.

Bojan Perevski and Nokaut performing at the Antic Theater in Ohrid 2012
Bojan Perevski performing at the Antic Theater in Ohrid 2012
Kristijan Teodorov

Неодамна регистарот започна глобална иницијатива „1000 претплатници“ чијашто цел е да ја поттикне јавноста во претплата на Јутуб каналите на домашните изведувачи и во редовно преслушување на нивната содржина.

Во разговорот со Бојан Перевски, покрај деталите за оваа иницијатива, зборуваме и за животот во Катар, за причините поради коишто ја напуштил Македонија, како и за неговите идни планови.

Bojan Perevski with his daughter Neda in Qatar, 2020
Bojan Perevski with his daughter Neda in Qatar, 2020
Bojan Perevski

 

Coming up next

# TITLE RELEASED TIME MORE
Музички регистар - онлајн библиотека со илјадници македонски композиции 12/05/2021 20:41 ...
Вести на СБС на македонски 18 јуни 2021 18/06/2021 13:15 ...
Извештај од Македонија 18 јуни 2021 18/06/2021 09:17 ...
Извештај од Македонија 17 јуни 2021 17/06/2021 09:59 ...
Вести на СБС на македонски 17 јуни 2021 17/06/2021 13:07 ...
Вести на СБС на македонски 16 јуни 2021 17/06/2021 10:44 ...
Извештај од Македонија 16/06/2021 07:37 ...
Вести на СБС на македонски 16 јуни 2021 16/06/2021 10:39 ...
Вести на СБС на македонски 15 јуни 2021 15/06/2021 11:17 ...
Извештај од Македонија 15 јуни 2021 15/06/2021 08:49 ...
View More