Coming Up Mon 12:00 PM  AEDT
Coming Up Live in 
Live
Macedonian radio
THE ULURU STATEMENT FROM THE HEART IN YOUR LANGUAGE

Macedonian: The Uluru Statement from the Heart

Uluru Source: Jimmy Widders Hunt

Во мај 2017 година, делегатите на Абориџините и Островјаните од Торес Стрејт, се собраа на Национална уставна конвенција на Првите нации во близина на Улуру од каде го презентираа “Соопштението на Улуру од срце” пред австралискиот народ. Во Соопштението се бара воведување на Глас на Првите нации во парламентот, како составен дел на уставот и процес на договарање (Договор) и кажување на вистината. Тоа беше кулминација на 13 целни регионални дијалози ширум Австралија со заедниците на Првите нации. Соопштението е обид да се воспостави однос помеѓу австралиските Први народи и австралиската нација заснован на вистина, правда и самоопределување. Музиката е на Френк Јама. Фотографијата на Џими Видерс Хант.

Ние, собрани на Националната Уставна Конвенција во 2017 година, доаѓајќи од сите точки под  јужното небо, ја даваме оваа изјава од срце: Нашите  Абориџински племиња и племињата од Торес Стреит беа првите суверени нации на австралискиот континент и соседните острови и ги поседувавме според нашите сопствени закони и обичаи. Ова го направија нашите предци, според нашата култура, од Создавањето, според обичајното право од „памтивек“ и според науката пред повеќе од 60,000 години. Овој суверенитет е духовен поим: вродената врска меѓу земјата или „мајката природа“ и Абориџините и Островјаните од Торес Стреит кои се родени од нив, остануваат приврзани за нив и мора еден ден да се вратат таму за да се присоединат со нашите предци. Оваа врска е основата за сопственоста на почвата, или подобро, на суверенитетот. Никогаш не било отстапено или згаснато и коегзистира со суверенитетот на Круната. Како може да биде поинаку? Како може народите да поседуваат земја шеесет милениуми и оваа света алка да исчезне од светската историја само во последните двеста години? Со суштинска уставна промена и структурни реформи, ние веруваме дека овој антички суверенитет може да блесне како посеопфатен израз на националноста на Австралија. Пропорционално, ние сме најзатвораните луѓе на планетата. Ние не сме вродено криминален народ. Нашите деца се отуѓени од своите семејства со невидени стапки. Ова не може да биде поради тоа што немаме љубов кон нив. А, нашата младина пропаѓа во притвор во неверојатни бројки. Тие треба да бидат нашата надеж за иднината. Овие димензии на нашата криза ја кажуваат јасно структурната природа на нашиот проблем. Ова е маката на нашата немоќ. Ние бараме уставни реформи за да му дадеме моќ на  нашиот народ и да заземеме заслужено место во нашата земја. Кога ќе имаме моќ над нашата судбина, нашите деца ќе напредуваат. Тие ќе живеат во два света а нивната култура ќе биде подарок за нивната земја. Ние повикуваме на воспоставување  Глас на Првите Нации запишан во Уставот. Макарата е кулминација на нашата агенда: обединување по страдање. Тоа ги доловува нашите аспирации за праведен и заснован на вистината однос, со жителите на Австралија и подобра иднина за нашите деца заснована врз правда и самоопределување. Бараме воспоставување Комисија на Макарата за да надгледува процес на договарање меѓу владите и Првите Народи и на кажување на вистината за нашата историја. Во 1967 година бевме броени, во 2017 година бараме да бидеме слушнати. Го напуштаме кампот каде што бевме базирани и го започнуваме нашиот од  низ оваа огромна земја. Ве покануваме да бидете заедно со нас во движењето на Австралискиот народ за подобра иднина.

 

За повеќе информации, посетете ја официјалната страница на “Соопштението на Улуру од срце” на http://www.ulurustatement.org или испратете е-пошта до Центарот за домородно право, UNSW на ilc@unsw.edu.au

Know more about the First Nations deliberative process that led to the Uluru Statement from the Heart. 

This podcast collection вклучува повеќе од 20 абориџински јазици (од заедниците на Северната територија и од Северо-Западна Австралија), чиј број ќе продолжи да расте додека се преведуваат повеќе јазици на Првите нации. Колекцијата подкасти исто така вклучува повеќе од 60 јазици на културно-јазичните разновидни заедници во Австралија.

Coming up next

# TITLE RELEASED TIME MORE
Macedonian: The Uluru Statement from the Heart 04/11/2020 04:22 ...
Alyawarr: The Uluru Statement from the Heart 04/07/2021 10:05 ...
Anindilyakwa: The Uluru Statement from the Heart 04/07/2021 12:41 ...
Anmatyerr: The Uluru Statement from the Heart 04/07/2021 10:05 ...
Burarra: The Uluru Statement from the Heart 04/07/2021 10:53 ...
Eastern/Central Arrernte: The Uluru Statement from the Heart 04/07/2021 10:03 ...
East Side Kriol: The Uluru Statement from the Heart 04/07/2021 07:35 ...
Kimberley Kriol: The Uluru Statement from the Heart 04/07/2021 09:29 ...
Kunwinjku: The Uluru Statement from the Heart 04/07/2021 08:47 ...
Martu: The Uluru Statement from the Heart 04/07/2021 08:53 ...
View More