Во врска со одложениот попис за септември 2021 година, Генералниот конзул Сања Зографска-Крстеска информира дека дијаспората ќе може да продолжи да се самопопишува до 30 септември 2021 година и дека досегашните реализирани самопопишувања остануваат валидни.
За подетално информирање, линк од измените на законот за попис.
Почнувајќи од 16 април о.г. на веб страната на МНР е поставен линк
https://www.mfa.gov.mk/mk/page/1771/kolku-ste-zadovolni-od-konzularnite-uslugi
со кој, преку прашалник и директен телефонски број, нашите граѓани ќе можат да ги споделат своите искуства при барање одредена конзуларна услуга и контакт со ДКП-то.
Почнувајќи од 20 април, на веб страната на МНР е поставен линк со прашалник за дијаспората https://www.mfa.gov.mk/mk/page/1772/anketa-dijaspora
Целта на прашалникот е преку одговори, поврзани со професијата, да се обезбеди поголема инклузивност и да се добие соодветен инпут за тоа како може да се подобри односот на нашата држава кон дијаспората и како дијаспората и секој нејзин претставник може, преку своите специфични знаења и вештини, да даде придонес во креирањето на внатрешните политики на земјава.



